Светски ден за борба против пушењето

Пушењето е еден од ризик факторите кое што може да придонесе за појава на многу негативни заболувања на организмот, како што се тромбоза, разни крварења во мозокот, срцеви болести и слично , рече по повод меѓународниот ден за борба против пушењето невропсихијатарот Драги Караџински. Пушењето е штетно по здравјето на граѓаните, а особено за по  младите генерации поради што лекарите порачуваат борбата против оваа зависност и навика да продолжи на сите полиња.

-Во последно време можам да кажам дека процентот на заболувањата во однос на минатата година е некаде околу 25 -30 проценти поголемо , веројатно и климатските фактори придонесуваат за тоа,  меѓутоа пушењето е штетно по здравјето на најмладите генерации и тоа е една од болестите на зависност која што е најраширена во светот. Потребно е да се намали штетноста,  производството на цигари да биде унифицирано со многу малку никотин и многу малку додатни материи кои што го оптоваруваат организмот, -изјави Драги Караџински, невропсихијатар

Пушењето почнува во младата возраст кога се формира личноста особено во пубертетот , велат лекарите. Дел од тие кои што почнале да пушат после некое време се каат и се повлекуваат, но голем број од нив продолжуваат да пушат и покрај тоа што знаат дека е штетно.

-Сум разговарал со многу луѓе кои откажале пушење, тие се најригорозни не пушачи во натамошниот период кога веќе го оставиле пушењето дури им пречи се околу нив, дури доаѓаат во расправија со пушачите  да излезат од просторијата и да пушат надвор, изјави Драги Караџински, невропсихијатар

Граѓаните со поделени мислења околу употребата на никотинот. Велат штетно е, но и самите се активни пушачи од најрана возраст.

Мотото на Светска здравствена организација за  годинава е апел до сите земји „Бидете спремни за едноставни, обични пакувања на цигарите”, што значи забрана или рестрикција на употреба на лого, слики, пораки и слично на кутиите за цигари. Ова ја намалува атрактивноста на пушачките продукти, ја ограничува примената на кутиите како место за информации и податоци и ја зголемува ефективноста на грижата за здравјето. Може да бидат напишани само името на продуктот и брендот во обична боја.

 

 

Коментари

коментар(и)