Надлежните расправаа за заштита на шумите

Надлежните расправаа за заштита на шумите

Претставници на „Македонски шуми“,  граничната полиција, СВР Куманово, шумската полиција, противпожарната единица и општините од регионот, денеска во просториите на Шумско стопанство, одржаа состанок на кој ги договараа подготвителните активности за спречување на појавата на пожари и други елементарни непогоди во текот годината. Тие расправаа за активностите коишто треба да се преземат, за да се заштити шумското богатство.
-Се подготвуваме, планираме на кој начин можеме да имаме успех во работата за 2016 година, да немаме повеќе…

Read More

Во Србија уапсен Драган Даравелски

Во Србија уапсен Драган Даравелски

Во Србија вчера во 14 часот е уапсен поранешниот директор на Царинската управа Драган Даравелски, по кого беше распишана потерница од македонските власти.
Министерството за внатрешни работи потврди дека е уапсен Даравелски и посочи дека тече постапката за негова екстрадиција.
Тој е осуден со правосилна судска пресуда дека додека беше директор на Царинската управа ја злупотребил службената положба и сторил финасики малверзации со кои оштетил буџетот.
Пред неколку години Даравелски помина извесно време во екстрадициски притвор во Белград, но…

Read More

Штрајкува судската администрaција

Штрајкува судската администрaција

Судската администрација денеска го почна тридневниот штрајк, кој во петок, како што најавуваат организаторите, ќе премине во протест. Тие бараат измени на Законот за судска служба, зголемување на платите на судските службеници, да им се исплатат ветените пет проценти и да се врати работното време од 7:30 до 15.30 часот.
-Синдикалната организација на Основен суд Куманово го поддржува штајкот на синикатот на УПОЗ од Скопје во целост , имаме 95 проценти присуство на членови на синдикат,…

Read More

Плинска боца ја предизвикала експлозијата

Плинска боца ја предизвикала експлозијата

Запалена плинска боца е причината за синоќешната експлозија во една од зградите на булеварот Октомвриска револуција. По извршениот увид од јавен обвинител, увидна екипа од СВР Куманово, и стручни лица од Одделот за антитероризам при МВР, е констатирано дека боцата се наоѓала во кујна во станот на третиот кат.
Во експлозијата нема повредени, само е предизвикана поголема материјална штета. Во зградата 5, прв влез, како и на соседните згради, се искршени речиси сите прозорци.  Уништена е…

Read More

Куќа на „Моша Пијаде“, закана за граѓаните

Куќа на „Моша Пијаде“, закана за граѓаните

Стара, напуштена куќа која се наоѓа на улицата „Моша Пијаде“, во близина на поранешен Забел, се заканува да се урне. Предниот ѕид на објектот попуштил, па цели делови и цигли се наоѓаат на коловозот. Поради нарушената безбедност, градежната инспекција, просторот го обележала со лента, а се поставени и метални скелиња за да привремено го држат кровот. Жителите коишто секојдневно поминуваат, стравуваат дека куќата може да се урне, а воедно да ги повлече и другите домови,…

Read More

Експлозија во зграда на „Октомвриска револуција“

Експлозија во зграда на „Октомвриска револуција“

Силна експлозија вечерва по 18 часот ги вознемири жителите на една од зградите на булеварот „Октомвриска револуција“. Во експлозијата нема повредени, само е предизвикана поголема материјална штета. Во зградата 5, прв влез, како и на соседните згради, се искршени речиси сите прозорци.  Уништена е и влезната врата на зградата, собните врати, а во два станови и севкупниот мебел. На лице место беа присутни екипи на СВР Куманово, противпожарната единица и итна помош.
-Нема повредени лица, тие што беа…

Read More

Мирен протест за претепаниот ученик

Мирен протест за претепаниот ученик

Родители, наставници и претставници на општината, денеска одржаа мирен протест во дворот на основното училиште „Толи Зордумис“, откако во петок минатата недела, осмооделенец беше претепан од средношколци Албанци. Тие упатија апел дека ваквите инциденти треба да запрат, и дека заедно треба да работат на зближување на учениците. Мајката на претепаниот ученик, Александра Петковиќ раскажа дека немилион настан се случил после часовите во близина на автобуската постројка до училиштето. Додаде дека нејзиниот син неколку пати веќе…

Read More

Презентација на извештајот на „ДРОМ“ за современите форми на трговија со луѓе

Презентација на извештајот на „ДРОМ“ за современите форми на трговија со луѓе

Во салата на поранешен комитет, Центарот за ромска заедница „ДРОМ“ денеска имаше презентација на извештајот од истражувањето за перцепција и сфаќањата на средношколците и ранливите групи за современите начини на трговија со луѓе во Куманово и Гостивар. Проектот се реализира во партнерство со „Асоцијација за демократска иницијатива од Гостивар и е во рамките на програмата за Акциски Грантови на Цивика Мобитас финансиран од страна на швајцарската агенција за соработка и развој. Проектот е во времетраење…

Read More

Бесплатно мерење на шеќер во крвта

Бесплатно мерење на шеќер во крвта

Здружението на дијабетичари Куманово во петок со почеток во 12 часот, во клубот на пензионери во населбата Гоце Делчев, ќе спроведе акција за мерење на нивото на шеќер во крвта.  Претседателот на здружението, Стефан Јовановски ги повика жителите на Зелен рид, Јане Сандански и Проевце да се приклучат во акцијата.
-Aко не се навремено открие дијабетот и не почне правилно да се третира, не со лекови, туку со редовен живот, рекреативно физичка активност, пазење на исхрана,…

Read More

Сопруги на амбасадори во посета на Куманово

Сопруги на амбасадори во посета на Куманово

Сопругите на амбасадорите на Холандија, Грција , Италија и Франција и на воени аташеа во РM  заедно со претседателката на невладината организација „ Добредојде“ денеска се во посета на Куманово. Целта е преку запознавање на културно – историските знаменитости на градот да ја промовираат Македонија како културна дестинација во земјите од каде што потекнуваат.
-Особено им претстaвивме дека ние се гордееме што сме мултиетнички град што имаме повеќе националности и што навистина сложно живееме така што…

Read More
1 327 328 329 330 331 388