Пожари во Стрима и Доброшане

Со затоплување на времето почнаа и првите пожари во кумановско. Во тек на изминативе два дена противпожарната единица Куманово регистирала два пожари, од кои едниот е во липковското село Стрима, а вториот во Доброшане.
Пожарот во Стрима кој избувнал во недела попладне, траел до раните утрински часови во понеделник. Во истиот била зафатена дабова и букова шума и трева во површина од пет хектари.
Во гасењето учествувало јавното претпријатие Шумско Стопанство-Куманово со пет вработени  и две теренски  возила….

Read More

Утре ќе се одржи 36-та седница на Советот

Во кружната сала на зградата на поранешни општествено-политички организации утре со почеток во 10 часот ќе се одржи триесет и шестата седница на Советот на Општина Куманово.
На седницата ќе се најдат 61 точки, а советниците ќе расправаат за збирниот извештај за настанатите штети и проценетите последици од поплавата во март, како и за финансиските извештаи за годишно работење на јавните претпријатија  Водовод , Чистота и зеленило, Пазаришта и Куманово гас.
На дневен ред се годишната програма…

Read More

Учениците лесно го изучуваат англискиот јазик

По пет ученици од  петто, шесто и седмо одделение и пет ученици вкупно од осмо и деветто одделение ќе учествуваат на државен натпревар по англиски јазик кој ќе се одржи на 09 мај во Скопје. Овие ученици покажаа најдобри резултати на регионалниот натпревар во спелување  што се одржа викендов во основното училиште „Христијан Карпош“.  Покрај натпреварувачите  од кумановските централни и подрачни училишта, своето познавање на англискиот јазик го покажаа и учениците од Крива Паланка и…

Read More

Пролетен крос на пензионерите

Мирко Цветковски и Јасмина Тодоровска победија на пролетниот крос организиран викендов од здружението на пензионери од Куманово. Ова воедно беше и подготовка за општинскиот натпревар кој допрва ќе се одржи.
-Времето не послужи денеска, малку беше напорно, но битно е да се учествува, некој мора да биде прв, а некој последен изјави Мирко Цветковски,  пензионер
-Досега имам учествувано на две републички спортски пензионерски игри, имам бронзена и сребрена медала во дисциплината фрлање на ѓуле и трчање на…

Read More

Женски футсал на Државен натпревар

Женската екипа во футсал од основното училиште „Магдалена Антова“ деновиве се подготвува за државниот натпревар во Скопје, откако претходно освоија  прво место и на општинскиот и на регионалниот натпревар.
 -Државниот натпревар ќе се одигра во Скопје од 14 до 16 мај, ќе учествуваат  од 6 до 8 екипи девојчиња, истовремено тоа ќе биде и Олимпијада  на која ќе земат учество учесници од сите спортови, ќе бидат застапени футсал, машки и женски, потоа ракомет, одбојка, кошарка и…

Read More

Првомајски пикник на Студена вода

Со организирање Првомајски пикник на Студена вода кај Доброшане, здружението на резервните армиски и полициски ветерани планира да го одбележи Меѓународниот ден на трудот.  Организационо се подготвени, но потребна им е финансиска помош, велат од Организациониот одбор.
-Имаме веќе готови повици до граѓаните, разговарано за автобуски превоз, сцената, културно уметничките друштва кои ќе настапат да ги развеселат присутните, но финанасиски не сме подготвени. Бидејќи ние сме дел од една организација која се самофинансира од нашата скромна…

Read More

Обука за земјоделските производители

Сиво кафеавата дамка на пченицата,  рѓите и дамка во устите кај јачменот се најчестите болести кои последниве години ги напаѓаат житните култури и го намалуваат приносот за 30 до 40 проценти.  Вакви информации добија земјоделските производители  кои денеска ја следеа обуката „Болести и штетници кај пченица и јачменот“ која се организира во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, односно Фитосанитарната управа, Државниот  земјоделски инспекторат и Фитосанитарната лабораторија. Насоките како земјоделците да се справат…

Read More

Ќе никнат ли згради во стариот градски парк?!

Откако поголемиот дел од дрвјата во стариот парк беа исечени, во градот се почесто се зборува дека на местото на зелената површина ќе се гради комплекс од станбени згради. Ваквите неофицијални информации наидоа на осуда кај граѓаните особено ако се знае дека на Куманово како град со повеќе од  100.000 жители му недостасуваат паркови. Најзасегнати се рекреативците кои и покрај тоа што не се задоволни од моменталната состојба во која се наоѓа паркот, сепак  порачуваат…

Read More

Отворен Саем на книгата

На Светскиот ден на книгата и авторското право пред библиотеката „Тане Георгиевски“ денеска се отвори мини саем на книгата. Манифестацијата е во рамки на кампањата „ Да“ за КНИГА, која ја организира книгоиздателството Матица Македонска.
-Кога ве гледам во ваков број  јас воопшто не се грижам за книгата. Велат дека книгата има голема конкуренција тука се електонските медиуми, телевизиите, разни игри и друг вид забави, меѓутоа книгата е незаменли и овој настан тоа го потврдува изјави…

Read More

Средношколци од Куманово заминаа на протест во Скопје

Околу 350 средношколци од Куманово утрово со седум автобуси заминаа во Скопје, да го подржат протестот поради новите реформи во образовниот систем. Тие ќе протестираат пред Владата и Министерството за образование и наука, се додека надлежните не ги слушнат нивните барања.
-Веќе имаме протестирано во Скопје, упатуваме апел до учениците од другите градови да доаѓаат и собирите да бидат помасовни. Има најава дека голем број наставници од Скопје ќе учествуваат на маршот, од Куманово ќе одат…

Read More
1 406 407 408 409 410 412