ЕВН: Рационална потрошувачка на струјата

Дистрибутивниот систем за снабдување со електрична енергија функционира без поголеми проблеми како на ниво на државата,  така и во кумановскиот регион , информираат од ЕВН Македонија. Според портпаролот Атанас Ковачевски , прекини се јавуваат само во нисконапонската мрежа во планинските села и населени места кои се наоѓаат на повисока надморска височина  каде што  проблем претставува пристапот до нив. Екипите на ЕВН  постојано се на терен и се обидуваат да пристигнат  и до најодалечените места без…

Read More

Намален бројот на заболени од грип

168 пријави за новозаболени лица од грип пристигнале во центарот за јавно здравје во текот на првата недела од годинава. Споредбено со последната недела од минатата година , според епидемиологот Јадранка Стаменковска за 34 проценти е намален бројот на пријавени заболени. Намалениот број на заболени од грип, како што велат надлежните е регистрирано со започнувањето на зимскиот распуст.
-Од почетокот на сезоната до 52-та недела има вкупно 1.027 случаи , во декември месец 891 случај…

Read More

„Кумановски акцијаши“ со благодарница за градоначалникот

Здружението Кумановски акцијаши денеска додели благодарници на општината, градоначалникот  Зоран Дамјановски и секретарот Валентина Алексовска, за успешната соработка во 2016 година. Претседателот на здружението, Јусуф Љатифи истакна дека без нивна поддршка нема да можеле да реализираат ниту еден проект.
-Најзначајните проекти со општината се Eко Kуманово 2016 година кој започна во јуни и заврши во јули. Наредна активност беше испраќање на волонтери на работна акција во Краљево каде се работеше на терен кој беше поплавен и…

Read More

Зголемен број на пациенти со скршеници

Зголемен број скршеници посебно кај постарите лица и децата регистрира Општата болница. Од петти јануари годинава, кога падна првиот снег, одделението за хирургија прифаќа од  триесет до четириесет пациенти дневно. Началникот на хирургија, доктор Методија Димковски информираше дека вообичаено се работи за скршеници на екстремитетите и колковите.
-Десетина се обични контузии кои завршуваат со преглед, испитување, евентуално ренгенски или клинички, ги пуштаме дома од останатите кои имаат скршеници дел од нив кои се за конзервативен третман…

Read More

Борците ќе ја одбележат битката на Пелинце

Членови на општинскиот одбор на Сојузот на борци во петок, на 13-ти јануари ќе положат цвеќе пред споменикот на паднатите борци во село Пелинце. Се работи за битка која е значајна за Карпошовиот одред, по која е освоена поширока слободна територија на Козјачието. Во битката кај Пелинце животот го загубиле борците Ангел Лазаревски Шајче и Трифун Ангеловски Летеќи.
– Секоја година одиме да го посетиме спомен обележјето кај Пелинце да положиме цвеќе да ги испочитуваме загинатите…

Read More

Се расчистуваат ли улиците ?!

Додека надлежните служби во другите градови навремено почнаа со чистење, во Куманово локалната власт предводена од градоначалникот и СДСМ не презеде ништо за чистење на снегот, кој неколку дена стои по улиците на градот и го попречува сообраќајот, обвинија денеска од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ.  Го  повикуваат градоначалникот веднаш да преземе мерки за расчистување на улиците.
 – До кога снегот, како и секоја година ќе не изненадува во јануари? Зошто дозволивте граѓаните секојдневно да се…

Read More

Вонредна седница на советот за загаденоста

Советот на општина Куманово на денешната вонредна седница за загаденост на воздухот  го задолжи  градоначалникот  и општинската администрација да изработат катастар на загадувачи на воздухот, план за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух и краткорочен акционен  план за заштита на воздухот, но  усвои и препорака до министерството за животна средина и просторно планирање за поставување на дополнителна  мерна станица во градот со цел да се добијат порелевантни податоци за загаденоста. Двата заклучоци  се изгласаа после…

Read More

За прв пат се одржа Бадникова поворка

Околу 50 деца носејќи ја пештерата на раце, икони и торбички за дарови со песната Вечниот Бог го навестија раѓањето на Исус Христос. Свечената поворка започна од црквата Свети Никола каде дечињата добија блогослов од митрополитот на кумановско осоговската епархија, Јосиф и продолжија низ централното градско подрачје, па се до локалната самоуправа.
-Дечињата си добија пригодни подароци многу се радосни и весели, продолжуваме понатаму низ централното градско подрачје, просторот околу плоштадот посетуваме неколку семејства, продавници, трговскиот…

Read More

Различни етнички заедници го одбележаа Бадник

Средното економско училиште Перо Наков денеска беше домаќин на прославата Празниците зближуваат, по повод христијанскиот празник Бадник. На истата присуствуваа ученици од различни етнички заедници, претставници на Македонската православна црква, општината, основни и средни училишта, полициски службеници, пратеници и слично. Пред присутните се обрати претставникот на кумановско-осоговската епархија, отец Игор Здравковски кој зборуваше за значењето на Бадник, но и за целта на ваквите прослави.
-Ова е еден проект кој е многу важен за нашиот град кој…

Read More

Завеани неколку села во Куманово и Нагоричане

Со шест соларки во текот на ноќта било интервенирано низ улиците во Куманово, а денес на помош пристигнува уште еден шлепер со сол, како и камиони со ножеви за прочистување на снежните наноси низ кумановско.
Како што соопшти градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски локалните патни правци се проодни, но сообраќајот се одвива отежнато.

Имаме према овој дел према Орашац и Кучкарево и тие дистантни места према Табановце, четирце, Долно Којнаре, значи сите брда каде има поголеми…

Read More
1 839 840 841 842 843 926