Уредена месната заедница Б.С Гојчо

Уредена месната заедница Б.С Гојчо

Лошите временски услови не ги спречија членовите на општинската организација на СДСМ, јавното претпријатие Чистота и зеленило и неколку граѓани заедно да го уредат паркот кај зградите зад економското училиште Перо Наков. Кумановци кои живеат во месната заедница Б.С Гојчо добија нови клупи, лулашки и уредена зелена површина.
-Мислам дека ова е една позитивна акција која се одржува неколку недели по ред за уредување на градските катчиња, урбаната опрема што ја набавуваат на некој начин апелирам…

Read More

Трае реконструкцијата на Домот на занаетчии

Трае реконструкцијата на Домот на занаетчии

До средината на декември нов внатрешен лик треба да добие најзначајната градба, Домот на занаетчии, која се наоѓа на Градскиот плоштад. Првиот човек на градот, Зоран Дамјановски истакна дека е задоволен од динамиката на градежните работи. Тој информираше дека во моментов се работи на промена на столарија, поставување климатизација, уредување на сантирните јазли, односно на целосниот внатрешен дел.
-Oстанува уште согласност од конзерваторскиот завод за нашиот проект за фасада. Тој проект го чекаме се надевам беше…

Read More

Се одбележува Недела на гладта

Се одбележува Недела на гладта

Општинската организација на Црвениот крст од Куманово организира продажба на вредносни ваучери по симболична цена
од 20 денари.  Целта е  собирање на средства за изработка на прехранбено-хигиенски пакети кои подоцна ќе бидат доделени на социјално најранливите семејства од градот. Хуманитарната акција е по повод Неделата на гладта која ссекоја година се одбележува од 16 -ти до 22  октомври.
Инаку, Црвениот  крст на Република Македонија се вклучува во одбележување на неделата на гладта преку организирање на кампања под…

Read More

ТК „Тумба“ и ТК „Куманово“ организираа турнир во тенис

ТК „Тумба“ и ТК „Куманово“ организираа турнир во тенис

На новите четири тенери кои се наоѓаат во близина на Спорската сала, денеска се одржа турнир во тенис, кој го организираат тениските клубови Тумба и Куманово. Турнирот на кој учествуваа деца на возраст од 5 до 16 години се организира во чест на 11-ти октомври. Тренерите од двата клуба истакнаа дека се радуваат што со пуштањето на овие терени се отвораат услови за развивање на тенисот во градот.
-Целта на овој турнир е една поголема масовност…

Read More

Започна меморијалниот турнир во чест на Матрикс

Започна меморијалниот турнир во чест на Матрикс

Во спортската сала на економското училиште Перо Наков денеска започна меморијалниот турнир во мал фудбал, кој се организира во чест на Мартин Симоновски Матрикс.
Турнирот, на кој учествуваат 13 екипи го организира Социјалдемократската младина од Куманово.
Честа да го отворат турнирот го имаа екипите Графо флекс и Пиљара Маце, а покрај нив ќе настапат и Карпош Јуниор, Самет, Оли травел, Водовод, Дрим Тим,  Тргопвски , Биџо, СДММ, Црвена Ѕвезда Фк Победа и СДММ Крива Паланка.
-Денеска се играат…

Read More

Во „Крсте Мисирков“ се подготвуваше зимница

Во „Крсте Мисирков“ се подготвуваше зимница

Во основното училиште „Крсте Мисирков“, ученици Македонци и Албанци вчера подготвуваа зимница, што е во рамки на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието. Надлежните од Крсте Мисирков и партнер училиштето Битолски конгрес од Лопате истакнаа дека се задоволни од досегашната соработка.
-Станува збор за една подолготрајна активност која се одвиваше кон крајот на минатата и почетокот на оваа учебна година. Од повеќе активности направивме како презентација, хуман настан кој го поврзавме и со Црвен крст Куманово….

Read More

Продолжува проектот за општинско-корисна работа

Продолжува проектот за општинско-корисна работа

Општина Куманово преку Одделението за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита од септември започна со реализација на проектот Моќно образовно партнерство, во рамки на програмата општинско-корисна работа, која се спроведува веќе четири години. Носители на проектот кој трае 6 месеци се локалната самоуправа, УНДП, Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување.
За таа цел општината  ангажираше 10 невработени лица, од кои седум од различни профили од воспитно образоваени и социјален аспект,…

Read More

Петрушевски: Преземени се сите законски мерки

Петрушевски: Преземени се сите законски мерки

Првиот човек на „Чистота и Зеленило“, Сашо Петрушевски истакна дека по сомнение, на 27-ми јули годинава за овој проблем го информирале основното јавно обвинителство од Куманово, од каде добиле упатства за понатамошната работа и формирале две комисии за утврдување на дисциплинска и материјална одговорност.
-На 27.07 годинава од наша страна е поднесена пријава до раководителот на Секторот за финансии каде што  по закон за јавни службеници, формиравме две комисии за утврдување на дисциплинска и материјална одговорност….

Read More

Благајник од „Чистота“ присвоил 1,5 милиони денари

Благајник од  „Чистота“ присвоил 1,5 милиони денари

Благајник го оштетил буџетот на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило за 1,5 милиони денари, тврди Управата за финансиска полиција. Поради тешкиот финансиски криминал до Основното јавно обвинителство во Куманово, против лицето вработено во претпријатието е поднесена кривична пријава за „проневера во службата“ и „послужување во службата“.
Пријавената, во својство на одговорен благајник, од ноември 2008-та, па до август минатата година, неовластено присвоила парични средства, кои не ги евидентирала и со тоа го  оштетила буџетот на јавното…

Read More

Се одржа натпреварот „Млади библиотекари“

Се одржа натпреварот „Млади библиотекари“

Во библиотеката Тане Георгиевски денеска се одржа 14-иот општински натпревар Млади Библиотекари. На натпреварот кој е по повод Месецот на книгата, учествуваа ученици од сите основни училишта  од градот, кои имаа можност да го покажат своето знаење од областа на библиотекарството. Победникот ќе ја претставува општината на републичкиот натпревар кој ќе се одржи на 28-ми октомври во Велес.
-Овој натпревар е во рамките на манифестацијата Месецот на книгата, која кај нас се одбележува од 15-ти октомври…

Read More
1 852 853 854 855 856 926