Донација за интернатот во Драгоманце

Донација  за интернатот во Драгоманце

Нови душеци, прозорци и врати доби интернатот во селото Драгоманце, донација од Амбасадата на Република Чешка  во Македонија. Ученичкиот дом кој што е дел од општинското основно училиште „Христијан Тодоровски Карпош“  е  реновиран  пред стартот на новата учебна година, а денеска децата кои што престојуваат во него беа  посетени од чешкиот амбасадор Мирослав Рамеш.
-Втор пат сме тука и ова е втор  дел од подарокот што сакавме да го дадеме на децата од интернатот во Драгоманце….

Read More

Саем на книги на „Матица“ и „Лагуна“

Саем на книги на „Матица“ и „Лагуна“

Библиотеката Тане Георгиевски во соработка со издавачките куќи Матица Македонска од Скопје и Лагуна од Србија, организира саем на книга, кој ќе трае четири дена, заклучно со сабота. На мини саемот се продаваат најпопуларните дела на овие издавачи, меѓу кои се  книги од домашни но и странски автори.
– Нашите граѓани  ќе имаат можност по саемски цени да си набават книги да си ги збогатат сопствените билбиотеки при што очекуваме интерес бидејќи книгите од оваа издавачка…

Read More

Кумановци ја проследија претставата „Прекината одисеја“

Кумановци ја проследија претставата „Прекината одисеја“

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вчеравечер се играше претставата „Прекината одисеја“ од Роберт Урбаски, а во режија на Јацек Гломб, која ја изведоа актери од Македонскиот народен театар во соработка со театрот „Хелена Моджејевска“ од Полска.
Сижето на претставата понуди приказна за егзодусот на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија, кои живеат во Полска, а самата претстава покрај на македонски беше изведувана и на полски јазик.

Ние потекнуваме од еден град во Полска кој е…

Read More

Одбележана Европска недела на мобилност

Одбележана Европска недела на мобилност

Велосипедска трка на која учествуваа педесетина велосипедисти од основните училишта во градот се одржа денеска на булеварот „Октомвриска револуција“.  Активноста беше во рамките на одбележувањето на Европската недела на мобилност  под покровителство на министерството за животна средина и просторно планирање, преку одделението за екологија во општина Куманово. Велосипедистот Христијан Максимовски од основното училиште „Кочо Рацин“  беше најбрз меѓу учесниците на трката.
-Веќе три години се занимавам професионално со велосипедизмот, многу лесно беше, се натрпеварувам на многу…

Read More

Дводневен саем „Денови на мед“

Дводневен саем „Денови  на мед“

Минувачите на градскиот плоштад во четврток и петок неделава ќе имаат можност да дегустираат мед, матичен млеч, полен, прополис, восок и истите да ги купат по пониски цени од вообичаените кои можат да се најдат по продавниците.  На  пчеларскиот саем „Денови на мед 2016“ можат да се најдат пчелни производи од  десетина домашни производители, а се организира  по 16-ти пат  во организација на здружението „Пчела“ .
-Има пријавено 12-13 учесници засега,  но верувам дека нема сите…

Read More

Асфалт доби улицата „Перо Стојмановски“

Асфалт доби улицата „Перо Стојмановски“

Улицата „Перо Стојмановски“, која се наоѓа во близина на џамијата во населбата Тоде Мендол доби асфалт. За реконструкцијата на истата од општинскиот буџет се одвоени 2.400.000 денари. Претходно беше поставена канализациона мрежа, која чинеше 1.100.000 денари.  Активноста е дел од развојната програма на локалната самоуправа за тековно одржување на комуналната инфраструктура во градот.
-Тоа  е една улица која мигрира голем број на станбени единици, должина е околу 300 метри, ги поврзува  Тоде Мендол и улицата Доктор…

Read More

Одбележан роденденот на Драган Богдановски

Одбележан роденденот на Драган Богдановски

Почитувачите на ликот и делото на Драган Богдановски, вчера го посетија неговото вечно почивалиште во чест на неговиот роденден и положија цвеќе.
Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ,Драган Петковски, рече дека Богдановски е еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ , а се собрале да одбележат 87 години од раѓањето на еден од основачите на партијата ВМРО ДПМНЕ,  идеологот  Драган Богдановски,кој почина пред 18 години и е погребан на градските гробишта во Куманово.
„Се собравме сите почитувачи на…

Read More

До утре трае вториот оглас за самовработување

До утре трае вториот оглас за самовработување

Дел од 56-мината граѓани кои што ја користат мерката самовработување веќе започнале сопствен бизнис со грант од 3.000 евра неповратни средства. Најголема заинтересираност во Куманово има за занаетчиски работилници, мали производствени капацитети, но и за продавници. Новопечените бизнисмени се задоволни од програмата што ја нуди агенцијата завработување. Велат доколку им тргне работата, најверојатно ќе користат и друга мерка од програмата
-Преку мерката самовработување земав грант и отворив книжарница во населбата Перо Чичо во близина на училиштето,…

Read More

Реосветен манастирот „Свети Ѓорѓи“

Реосветен манастирот „Свети Ѓорѓи“

Манастирот „Свети Ѓорѓи“ во село Старо Нагоричане вчера беше реосветен, а свечената литургија ја спроведе митрополитот дебарско-кичевски и администратор австралиско-сиднејски Тимотеј, заедно со европскиот Пимен, брегалничкиот – Иларион, тетовско-гостиварскиот Јосиф, како и надлежниот митрополит Кумановско-осоговски д-р Јосиф.
Последниве пет месеци откако ѓаконот Дејан Зец служи во цркавата, интензивно се работи на уредување на црковните предмети кои што се неопходни за сослужение на свештените лица, а се уредува и црковната куќа која се наоѓа во непосредна близина…

Read More

Трајко Вељановски утре во Куманово

Трајко Вељановски утре во Куманово

Претседателот на собранието Трајко Вељановски, утре ќе го посети градот. Тој напрвин во 12 часот заедно со делегацијата, ќе се прошета низ градот, каде што ќе се сретне со кумановци и ќе зборува за актуелните проблеми.
Во 13 часот е предвидено да разговара со граѓани кои добиле грантови за развивање сопствен бизнис преку програмата Самовработување, во Центарот за култура Трајко Прокопиев.
Во 14 часот е планирана средба со граѓани кај поштата во населбата Зелен рид, а за…

Read More
1 857 858 859 860 861 926