Муслиманите го одбележуваат Курбан Бајрам

Муслиманите го одбележуваат Курбан Бајрам

Верниците од исламска вероисповед денеска го прославуваат големиот празник Курбан Бајрам. Денот започна со утринската молитва сабах-намаз, како и молитвата бајрам назам, во која почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан. Принесувањето жртва-курбан, има симболика на приближување кон Бога. Обичајот го изведуваат сите кои што имаат можност, а потоа им се подарува на сиромашните, соседите и роднините.
Граѓаните раскажуваат дека денот е исполнет со љубов, дружба со најблиските и хармонија.
-Се коле курбан, одиме на…

Read More

Земјотресот ги вознемири кумановци

Земјотресот ги вознемири кумановци

Силниот земјотрес кој вчера попладне го зафати главниот град, беше почуствуван и во Куманово. Според информациите на Институтот за сеизмологија при Природно математичкиот факултет, земјотресот кој ќе случи во 15:10 часот, имал јачина од 5,3 степени според Рихтер, а на длабочина од 16 километри, односно на пет километри одалеченост од Скопје. Кумановци раскажуваат дека слушнеле силен звук а потоа го почуствувале и потресот, кој ги вознемирил. Со страв се сеќаваат на претходните земјотреси кои го…

Read More

Ќе се реосветува црквата „ Свети Ѓорѓи“

Ќе се реосветува црквата „ Свети Ѓорѓи“

Ќе се реосветува цркавата „Свети Ѓорѓи“ во селото Старо Нагоричане. Овој свет чин ќе се одржи на 18-ти септември( недела ) со почеток во 8 часот и 30 минути. Осветувањето ќе го изврши Митрополитот кумановско-осоговски Јосиф. Надлежните ги повикуваат граѓаните масовно да присуствуваат на реосветувањето на црквата посветена на Свети Ѓорѓи, чија посебност и убавина, како во однос на архитектурата, така и во однос на сликарството, односно фрескописот, претставува еден од бисерите на христијанските творби…

Read More

Совети во случај на земјотрес

Совети во случај на земјотрес

Дирекцијата за заштита и спасување даде упатство за самозаштита на граѓаните од земјотреси.  Според препораките на надлежните, ако за време на земјотрес граѓанинот е на отворен простор, треба да остане мирен и присебен, да не дозволи да го совлада паника и да биде свесен дека после почетните потреси многу брзо доаѓаат  и други појаки потреси.
-Подалеку од уличните светла , електричните кабли и високите згради. Ако сте на улица внимавајте на објектите кои може да се…

Read More

Стечајците ги блокираа влезот и излезот на градот

Стечајците ги блокираа влезот и излезот на градот

Стечајните работни од здружението УНИТ  денеска ги блокираа влезот и излезот на Куманово кон Скопје, наместо како што беше најавено деновиве протестот да се организира на наплатната станица Романовце со блокирање на меѓународниот сообраќај. Оваа одлука е донесена откако претседателката на УНИТ и координаторот Али Османи биле повикани во полициската станица и им било упосочено дека таква блокада не е законска, а дека последиците ќе ги сносат токму тие двајца.
-Забрането ни е, од страна на…

Read More

Одбележан Денот на независноста на РМ

Одбележан Денот на независноста на РМ

„Пред 25 години  македонскиот народ се одважи и во духот на илинденците и асномците, со ентузијазмот на Глигоров и Кљусев, излезе и масовно на референдум се изјасни дека сака да има своја независна и суверена држава Р.Македонија„  – рече претседателот на советот на општина куманово Максим Димитриевски во своето обраќање пред присутните на спомен костурницата, по повод одбележувањето на Денот на независноста на нашата држава.  Димитриевски во својот говор се осврна и на недоволното почитување…

Read More

СДСМ: Да градиме заедништво преку образовни програми

СДСМ: Да градиме заедништво преку образовни програми

-Да не дозволиме повторно разликите да се вгнездат или да се вселат во училиштата како што беше во минатото, да не дозволиме меѓу нашите деца да владее омраза, во училиштата да има физички пресметки туку напротив да градиме заедништво и толеранција првенствено преку образовни програми,  но и севкупно преку проектите што ќе ги имплементираме во државата , е пораката која што ја упати претседателот на Комисијата за образование на Социјалдемократскиот сојуз Петар Атанасов во пресрет…

Read More

Започна ликовната колонија „Карпино 2016“

Започна ликовната колонија „Карпино 2016“

16 уметници од Македонија, Србија, Бугарија и Романија ќе имаат можност наредните седум дена да творат во комплексот Грација во населбата Карпош како дел од меѓународната ликовна колонија Карпино . Колонијата се одржува по 14 –ти пат во организација на мултимедијалниот центар Карпино. Уметничкиот директор на колонијата, Мирослав Величковски смета дека уметниците ќе имаат  можност да соработуваат и да разменат искуства.
-Условите во манастирот Карпино се лоши, но тоа не е причина колонијата да не биде…

Read More

Јасмина Тодоровска – успешна млада пензионерка

Јасмина Тодоровска – успешна млада пензионерка

 Новинарката Јасмина Тодоровска се врати со сребрен медал од 21-те Републички  спортски натпревари одржани во  Радовиш. Младата пензионерка  учествува на речиси сите спортски олимпијади и секогаш во најдобро светло го претставува  кумановското здружение на пензионери во кое што членува повеќе од 4 години, а последниве три години активно е вклучена во спортските активности. На традиционалната манифестација настапиле вкупно 38 членови на здружението од Куманово во 13 дисциплини.
-За мене ова признание значи многу затоа што имам…

Read More

56 бизнисмени преку мерката самовработување

56  бизнисмени преку мерката самовработување

На 56 граѓани денеска им беа доделени договори  за отворање сопствен бизнис преку мерката самовработување што ја спроведува центарот за вработување во Куманово, а е дел од оперативниот план на владата на РМ. Од вкупно 112 апликанти на првиот оглас од мерката самовработување 56 лица изработиле успешен бизнис план, информира раководителот Милорад Тренчевски.
-Тоа се мали занаетчиски работилници, продавници, адвокатски канцеларии, но и производствени капацитети. На вториот оглас од истата мерка имаме околу 71 апликација од…

Read More
1 859 860 861 862 863 926