Меѓународен тамбурашки фестивал

Меѓународен тамбурашки фестивал

Со настап на Трио Гранде плус од Кавадарци во придружба на Бубо Каров од К-15, се отвори 12-тото издание на Тамбурашкиот фестивал кој традиционално секоја година се одржува на Градскиот плоштад. Првиот човек на градот, Зоран Дамјановски, кој официјално го прогласи фестивалот за отворен, истакна дека е среќен што Куманово успеа да одржи една ваква манифестација, која што е единствена од ваков вид во државата и пошироко.
-Познат бренд на тамбурашката музика, имаме два дена фестивал,…

Read More

Отворен ден во Старо Нагоричане

Отворен ден во Старо Нагоричане

„Унапредување на човековите права и заштита на малцинствата во Југоисточна Европа”, е насловот на проектот којшто го имплементира општина Старо Нагоричане, заедно со Европската унија и Советот на Европа, а кој денеска беше презентиран во центарот за млади. На отворениот дневен настан на кој присуствуваа делегации од повеќе општини од државата, но и од Хрватска, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, беа презентирани постигнатите цели. Градоначалникот на Старо Нагоричане, Милован Стојковски истакна дека благодарение на…

Read More

Вонредна крводарителска акција

Вонредна крводарителска акција

Вонредна крводарителска акција се одржа денеска во Центарот за Култура Трајко Прокопиев. Организатори на акцијата се општинската организација на Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина.
-Кумановци се доста хумани, даруваат  доволно крв, до сега имаме соберено 24 крвни единици, се надевам дека уште ќе даруваат-изјави Бисера Ѓошевска волонтер во Црвен крст Куманово.
Ова е втора вонредна крводарителска акција која се одржува во летниот период.
-Крводарителите доаѓаат првин кај нас, им го проверуваме притисокот, хемоглобинот во крвата и…

Read More

12-ти Меѓународен тамбурашки фестивал

12-ти Меѓународен тамбурашки фестивал

Традиционално по 12-ти ќе се одржи меѓународниот тамбурашки фестивал. На двете фестивалски вечери кои ќе се одржат викендов, во петок и сабота ќе настапат неколку тамбурашки оркестри од Македонија и земјите од соседството, соопштија на денешната прес конференција првиот човек на Куманово, Зоран Дамјановски и претседателот на Фондацијата за култура и спорт, Нино Величковски.
Првата фестивалска вечер ќе ја отворат Трио Гранде Плус од Квадарци, а гостин ќе биде Бубо Каров од к15, група Амадеус и…

Read More

Бизарна незгода на пајак службата

Бизарна незгода на пајак службата

Сакајќи да отстрани непрописно паркирано возило, пајак службата предизвика бизарна несреќа во центарот на градот. Имено пајакот кога кренал автомобил на улицата Илинденска околу  12 часот, закачил кабли, кои наводно биле поставени пониско во однос на законските прописи, по што се откорнала бандера но и едно дрво. На тој начин се оштетиле возила кои биле  паркирани.
Од СВР Куманово го потврдија случајот и истакнаа дека е во тек увидот. На терен беше и првиот човек на јавното…

Read More

Се реставрира црквата „Св. Горѓи Победоносец“

Се реставрира црквата „Св. Горѓи Победоносец“

Со поддршка на Министерството за култура интензивно се работи на конзервација и реставрација на црквата „Св. Горѓи Победоносец“ во кумановското село Младо Нагоричане, која е споменик на културата од 16 век. „Конзервацијата и реставрацијата на овој значаен споменик на културата од поствизантискиот период се одвива во повеќе фази, а стручните екипи на Националниот конзерваторски центар во моментов ги реализираат активностите за консолидацијата на архитектонско-конструктивниот склоп на црквата, изведба на дренажен систем и партерно уредување.
Според усвоената…

Read More

Дивите продавачи им го земаат лебот на тезгаџиите

Дивите продавачи им го земаат лебот на тезгаџиите

Пазарџиите кои имаат тезги на Зелениот пазар, мака мачат со нелојалната конкуренција која постојатно им го зема лебот. Нелегалните продавачи распослани на тротоарите пред влезот и излезот, продаваат без никаков проблем, на штета на земјоделците, кои уредно плаќаат месечно по 50 евра за закуп на тезга. На самата улица може да се најдат компири, патлиџани, пиперки, зелка, краставици, односно различни земјоделски производи. Освен што им предизвикуваат штета на трговците, тие го пропречуваат и движењето на…

Read More

Професори од „Еуро колеџ“ на семинар во Филипини

Професори од „Еуро колеџ“ на семинар во Филипини

Двајца професори од Еуро колеџ имаа можност од 4-ти до 11-ти август да го посетуваат државниот униерзитет Ифугао на Филипини, и да разменат одредени искуства, но и да стекнат нови вештини и методологии.  Посетата е во рамки на Еразмус плус програмата за мобилност на професори, а под Националната агенција за европски образовани програми и мобилност.
-Извршувавме настава исто така имавме и доста средби со професорите кои се таму и успеавме да дојдеме до одредени знаења, за…

Read More

Планинарите од „Козјак 2013“ обележуваат патеки

Планинарите од „Козјак 2013“ обележуваат патеки

Членовите на здружението за планинари и заштита на планината „Козјак 2013“ периодов работат на обележување и уредување на три планинарски патеки на планината Козјак Се работи за планинарски патеки од меморијалниот центар Пелинце преку врвот Китка до мегалитската опсерваторија Кокино, потоа од Кокино до водопадот во село Длабочица и од селото Сув Ора преку манастирот Карпино до село Арбанашко. Претседателот на здружението, Марјан Милановски објасни дека обележувањето е во рамки на проектот на Агенцијата за поддршка…

Read More

Се породила и го фрлила бебето во река

Се породила и го фрлила бебето во река

Деветнаесетгодишната А.М од село Матејче, Општина Липково, која била во поодмината бременост, извршила чедоубиство, информираше кумановската полиција. Имено вчера откако почнала да крвари, заминала во тоалет во нејзината куќа, каде се породила, по што го извадила бебето и го фрлала во река која поминува зад нејзината куќа.
Но, откако и се влошила состојбата нејзините родители ја пренеле во општата болница во Куманово, каде лекар гинеколог утврдил дека истата се породила во период од 24 часа. Околу…

Read More
1 860 861 862 863 864 925