Лица со попреченост имаа музичко-сценски настап

Музичко- сценска програма во која учествуваа лица со интелектуална попреченост од двата дневни центри од градот денеска се одржа во основното училиште „Толи Зордумис“. Манифестацијата е по повод 11-ти ноември, Денот на ослободување на градот во рамки на проектот Образование на Роми и на возрасни лица со интелектуална попреченост, кој го спроведуваат УНДП и Општина Куманово. Во проектот се вклучени вкупно 15 лица,  меѓу кои професори по музичко и физичко образование, педагози, социолози, а  осум…

Read More

Кумановци: Да се реши проблемот со паркинг простор

Сообраќајниот хаос е секојдневна слика во централното градско подрачје. Возилата се оставаат на пешачки премини, коловозни ленти, па и на тротоарите. Иако во градот има определено дури 480 места за паркирање,  голем дел од нив се празни, бидејќи возачите не сакаат да плаќаат 35 денари за час, па практикуваат со вклучени трепкачи да ги остават автомобилите на недозволени места и на тој начин да го блокираат сообраќајот и да го попречат движењето на пешаците.
Ова особено…

Read More

ОУ „Кочо Рацин“ ќе соработува со „Порака наша“

Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака Наша“ и основното училиште „Кочо Рацин“ утринава потпишаа договор за соработка.  Учениците, но и наставниците ќе имаа можност да им пружат помош на лицата со попреченост, во сите активности што ќе ги реализираат во понатамошниот период. Од друга страна, дефектологот од центарот пак ќе може да работи со учениците од „Кочо Рацин“.
-Имаме план, програма и тие кај нас ќе доаѓаат ќе ни даваат поддршка за инклузивно образование,…

Read More

Граѓаните редовни плаќачи на даноците и таксите

Граѓаните на Куманово редовно ги подмируваат најголемиот дел од давачките кон општината. Тука не станува збор само за данокот на имот, наследство или подарок туку и плаќањето на разни комунални такси, велат од Секторот  за администрирање приходи во општина Куманово.  По основ на разни даноци и такси на општинската сметка досега легнале околу  150 милиони денари, а се планира сумата да се зголеми за уште 5 милиони денари до крајот на годинава.
-Овие податоци се од…

Read More

Завршува собирната акција на Црвениот крст

Активистите на општинската организација на Црвениот крст во рамките на акцијата по повод недела на гладта продале околу 400 бончиња меѓу граѓаните и бизнис заедницата во градот. Со собраните 8.000 денари ќе бидат набавени одредени прехранбени продукти кои во вид на пакети со храна ќе бидат донирани на социјално загрозени семејства.
-Имаме список на луѓе на кои навистина им е потребно да им се даде помош, мислам дека потешко се одвиваат сега работите затоа што на…

Read More

Граѓанска акција „Заслужуваме подобро“

Граѓаните имаат право да дискутираат за политиката и да бидат консултирани, затоа што таа е нивното секојдневие, истакнаа активистите на граѓанската иницијатива Заслужуваме подобро. Тие сметаат дека граѓаните без оглед дали ја подржуваат власта или не, треба да бидат прашани и сослушани.
-Веруваме во разумноста на нашите граѓани и тргнувајќи од нашето право и заслужување на подобро бараме итна промена на начинот со кој се управува во државата во насока на обезбедување на подобра живеачка и…

Read More

Отворена изложбата „Кумановски графичари“

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ синоќа беше отворена биеналната изложба Кумановски графичари. Збирката која се состои од 26 графики во различни техники, е дело на девет академски графичари од Куманово.
-Се работи за изложба која е традиционална во Центарот за култура Кумановски графичари е биенална изложба на графика која се организира на секои две години. Првата изложба беше организирана 2003 година и од тогаш на секои две години го претставуваме она што е актуелно на…

Read More

Во гимназијата започна Олимпијада по физика

Во гимназијата Гоце Делчев утринава започна третата меѓународна олимпијада по физика, на која учествуваат 124 основци и средношколци.  Учениците од Македонија, Бугарија и Србија се натпреваруваа во експериментална физика.
-Почнавме со 70 завршивме сега со 125 ученици, што значи дека физиката како експериментална наука е многу интересна за учениците, се надеваме дека  на овој натпревар кај некого од учениците ќе побуди интерес да студира на техничките науки, кои се основа за развојот на секое општество-наведе Стојан…

Read More

Жителите на 100-ка бараат нов асфалт и мост

Улицата 100 во населбата Карпош се наоѓа во очајна состојба. Особено е за никаде делот на патот од некогашниот салон до споменикот Зебарњак. Жителите раскажуваат дека главната улица во населбата е како решето, па состојбата не можат да ја поправат ни повремените крпења на дупките. Тие додаваат дека поради лошиот асфалт мораат да одат пеш затоа што превозниците не сакаат да ги уништуваат возилата.
Освен лошиот пат на жителите на Карпош проблем им претставува и оштетениот…

Read More

НРЦ одбележа 10 години постоење

Со дебата на тема „Роми 2015, Роми 2020“, Националниот ромски центар денеска одбележа 10 години постоење. На свеченоста беше презентиран материјал за почетоците, напредокот и развојот на оваа организација од 2005 година. Пред присутните се обрати извршниот директор на НРЦ, Ашмет Елезовски кој истакна нивна целна група не се само Роми, туку лица кои се соочуваат со бариери и пристап до права.
-Сега во моментов сме лоцирани на шест градови, работиме на едно многу важно прашање,…

Read More
1 902 903 904 905 906 927