НРЦ одбележа 10 години постоење

Со дебата на тема „Роми 2015, Роми 2020“, Националниот ромски центар денеска одбележа 10 години постоење. На свеченоста беше презентиран материјал за почетоците, напредокот и развојот на оваа организација од 2005 година. Пред присутните се обрати извршниот директор на НРЦ, Ашмет Елезовски кој истакна нивна целна група не се само Роми, туку лица кои се соочуваат со бариери и пристап до права.

-Сега во моментов сме лоцирани на шест градови, работиме на едно многу важно прашање, на домот, правото на домување и се надеваме дека ќе успееме врзувајќи ги компонентите ако има семејството добра инфраструктура и дом тие можат да размислуваат покреативно, подобро, позитивно, да бидат здравствено добри, а со тоа да имаат услови за едуцирање и развој на семејството а паралелно со тоа и да можат да дадат допринос и на новите генерации кои треба да се развиваат во ова општество-наведе тој.

Националниот ромски центар работи во име на зајакнување на ромската популација во Македонија, таргетирајќи ги политиките и практиките на национално и локално ниво.

-НРЦ работи упорно посветено и сериозно на промовирање на пристапот до фундаментални права и доследност во почитување на принципот за еднаквост на сите пред законот и владеење на правото. Од своето основање фокусот на организацијата беше ставен 2005 година на лична документација, пристап до образование, потоа со растење на самата организација и менување на потребите на целната група-истакна Катерина Шојиќ, раководител на правна програма и застапување.

Од 2005 година, организација има имплементирано 53 проекти од област на образованието, здравство, бесплатна правна помош, култура и слично.  Инаку на манифестацијата присуствуваа претставници на други невладини организации, советници и други граѓани.

Коментари

коментар(и)