Ученици присуствуваа на книжевна работилница

Со  презентација на книгата „Спирко Немирко “ од Ксенија Маказлиева Трајчевска пред учениците од основното училиште „Браќа Миладиновци“ започнаа активностите за одбележување на седумдесет годишниот јубилеј на Градската библиотеката „Тане Георгиевски“. Авторката  на работилницата читаше раскази за деца, а идејата е на интерактивен начин да се развива љубовта кон пишаниот збор уште од најмала возраст.
– Денеска во одделот за деца се одржа работилница наречена „Детска радост. Ученици од вторите одделенија и поголеми во интерактивно комуницирање…

Read More

Изведена претставата „Премиера во сабота“

„Премиера во сабота“ е насловот на комедијата на прилепскиот народен театар „Марко Цепенков“, која синоќа беше изведена во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, во рамки на фестивалот „Денови на комедија“.  Претставата е напишана по текстот и во режија на истакнатиот македонски актер, сценарист и писател, Коле Ангеловски.  Текстот е продолжение на претходниот „Три во едно“, а се работи за три различни приказни. Дејството се случува во театар, а работата почнува десет дена пред премиера.  На…

Read More

СДСМ е против промена на името на плоштадот

Општинската организација на СДСМ во моментов е против иницијативата за преименување на плоштадот „Нова Југославија“, во „Плоштад Македонија“, која што ја даде Коалицијата за Подобра Македонија. Тие сметаат дека во овој момент тоа е непотребно и нелогично, со оглед на проблемите со кои се соочува градот. Додаваат дека со ова постои можност припадниците на останатите етнички заедници, следејќи го овој пример, да бараат реименување на одредени улици.
-Немајќи претпоставувам идеа, храброст и можност нешто да сменат…

Read More

Обука за микро и мали претпријатија

Околу петнаесетина претприемачи од североисточниот регион присуствуваа на денешната обука  за ефективна и повторлива продажба и извоз.  Обуката е во рамките на настаните за размена на искуства кои се организирани од  проектот на УСАИД  за микро и мали претпријатија. Предавачите се  искусни менаџери од бизнис заедницата на земјава.
-Поканети се сите микро и мали претпријатија кои што сакаат да растат без разлика на индустријата и без разлика дали се извозни или домашни, профитот тука не прави…

Read More

Уапсен претседателот на Кумановскиот суд

Претседателот на Основиот суд Куманово Муса Сулејмани денеска е уапсен во полициска акција која утринава беше спроведена во Куманово.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донело наредба за спроведување на истражна постапка против 12 лица, кои се приведени во полициската акција во текот на ноќта и утринава се спроведувала во Куманово и Скопје.
Едно од осомничените, најверојатно судијата, ќе се гони за сторени кривични дела Злосторничко здружување и Злоупотреба на службената положба и…

Read More

Голема полициска акција во Куманово

Осум лица се приведени во голема полициска акција што од рано утрово ја започнала полицијата во Скопје и Куманово.
Според полицијата, во моментов се вршат претреси во повеке објекти. Запленети се возила, пари дрога и други предмети за кои што постојат сознанија дека потекнуваат од извршени кривични дела.
Приведените се сомничат дека потпомогнати од лица од судската власт подолго време се занимавале со изнуда, лихварство, трговија со дрога, шверц со мигнати и други тешки крвични дела.

Read More

Околу 3.700 социјални случаи во Куманово

3.677 граѓани го остваруваат правото на социјална парична помош во Куманово. Воедно, според надлежните, ова е најбројното право кое што произлегува од  Законот за социјална заштита, кое изразено во бројка изнесува околу  2.400 денари, а е предвидено за лица кои се наоѓаат во социјален ризик и се материјално необезбедени. Бројката на корисниците на социјална парична помош последниве години речиси е иста. За разлика од ова право, постојана парична помош во износ од 3.500 денари примаат…

Read More

Промовирана стихозбирката „ Детски лирски треперења“

Во основното училиште„ 11 Октомври “ денеска беше промовирана стихозбирката  „Детски лирски треперења“  во издание на Сојузот за грижи и воспитување на децата. Книгата која традиционално се промовира во текот на детската недела, годинава се поклопи и со патрониот празник на училиштето „ 11 Октомври“  кое токму поради таа причина беше избрано од Здружението за грижи и воспитување на децата да биде домаќин на настанот.
– На оваа средба поканети беа сите училишта, ученици со нивните…

Read More

Започна петицијата за преименување на плоштадот

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија од денеска започна собирање потписи за промена на името на плоштадот, од сегашниот „Нова Југославија“ во „Македонија“.  Координаторот на советничката група и претседател на општинскиот комитет, Драган Петковски наведе дека поради неименуваните улици, голем број кумановци не можат да го остварат своето право како државјани на Македонија да добијат лични документи. Тој инфомираше дека за преименување на плоштадот веќе е поднесена и предлог точка која треба да…

Read More
1 906 907 908 909 910 927