Започнаа уписите на „Евро колеџ“

Од вчера започнаа уписите во високообразовната установа „Евро колеџ“.  Оваа студентска година на смерот бизнис и аминистрација имаат можност да се запишат 100 студенти, од кои 30 веќе се пријавени. Деканот, Љубиша Петрушевски истакна дека кај нив уписот започнува по завршување на вториот уписен рок на државните фактултети, бидејќи сметаат дека тогаш се остава простор за приватните. Тој додава дека „Евро колеџ“ се разликува од другите универзитети по плодната соработка со странски студенти.
-Дипломата од „Евро…

Read More

Започна новата учебна година

За околу  17.000 ученици во Куманово денеска започна новата учебна година. Од нив, 1.183 деца првпат седнаа во училишна клупа и се сретнаа со учителот. Основното училиште „Браќа Миладиновци“  со свечен прием им посака топло добредојде на 138 првачиња кои го започнуваат своето основно образование. Воедно, втора година по ред  „Браќа Миладиновци “ е  училиште со најголем број  запишани деца во прво одделение.
-Основното училиште „Браќа Миладиновци“ секогаш приготвува прием за своите првачиња од проста причина…

Read More

Депонии од градежен шут во Проевце

Купишта од градежен отпад се нафрлани покрај патот кон Стара Бања па се до влезот во селото Проевце. Несовесните граѓани тука го  фрлаат шутот наместо во депонија по претходно издадена дозвола од комуналната инспекција. На овој начин ги одбегнуваат давачките кои треба да ги платат при одложување на сметот на прописното место. Случајните минувачи  и мештаните објаснуваат дека градежниот шут се фрла во доцните вечерни часови или рано наутро и со камиони се  истоварува покрај…

Read More

Училиштето „Христијан Карпош“ без основни услови

И оваа учебна година околу 180 ученици од подрачното основно училиште „Христијан Карпош“ во населбата Иго Тричковиќ, попозната меѓу кумановци како Пуковско, ќе ја започнат во старата руинирана зграда. Наместо радост поради училишното ѕвонче, учениците но и родителите беа згрозени од уништените ѕидови, искрешни врати, прозорци, смет и израсната трева. Велат дека веќе изгубиле надеж дека надлежните ќе обрнат внимание на оваа воспитно-образовна институција, која се наоѓа во катастрофална состојба без основни елементарни услови за…

Read More

Кумановци во паника бидејќи ќе останат без дрва

Кумановци кои што користат дрва за грејната сезона, се во паника дека претстојната зима ќе останат без огрев.  Велат дека дрва нема во приватните складишта во градот, а оние што ги има се прескапи за нивните стандарди. Додаваат дека се принудени да чекаат до последен момент за да поефтинат, по тогаш да ги набават или пак да се одлучат за друга алтернатива за греење.
-Секоја година се греам на дрва, но оваа нема. Собрав пари, да…

Read More

Меѓународна ликовна колонија „Карпино 2015“

Мултимедијалниот центар Карпино по 13 –ти пат  е организатор на меѓународната ликовна колонија „Карпино 2015-та  “ . Уметници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Унгарија до 9-ти септември ќе творат во ресторан Грација. До пред 4 години се твореше во манастирскиот комплекс Карпино,  но таму  нема веќе услови за вакво колонијално дружење, велат организаторите.  Учесниците на колонијата ќе го посетат манастирскиот комплекс Карпино и други значајни места во Куманово и регионот.
 -Во недела е…

Read More

Учениците утре на настава

Основците и средношколците утре ќе седнат во училишните клупи. Летниот распуст завршува, а последниот ден пред новата учебна година децата и родителите го користат за набавка на најнеопходниот школски прибор, ранци, тетратки. Во книжарниците изобилство на потребните материјали за следење настава на учениците.Вообичаено, на почетокот на школската година, најмногу се купуваат ранци, а во текот на неделата кога учителите и професорите ќе им кажат на децата што треба да набават, тогаш се купува и останатиот…

Read More

Утревечер премиера на претставата „Аудиенција“

Новата сезона на претстави во кумановскиот театар започнува со „Аудиенција“ која премиерно ќе се одигра утревечер на малата сцена. Станува збор за апсурдна драма, дело на Вацлав Хавел напишано на крајот од дваесетиот век. Претставата ја играт актерите Чедомир Митевски и Горан Илиќ. Режисер е Мирослав Петковиќ, актер и магистар по театарска режија, а ова е неговиот прв официјален проект. Темата на претставата е проблемот со кој се соочуваат интелектуалците во општеството, а според режисерот…

Read More

„Куманово -паркинг “ работи со загуба

Јавното претпријатие  „Куманово -паркинг “ првиот квартал годинава го заврши со добивка. Ова го покажува извештајот за финансиското работење на претпријатието од први јануари до крајот на март 2015 –та година, кој беше усвоен на последната седница на Советот на општина Куманово. Ако вкупните приходи за  посочениот временски период биле 8 милиони 205 илјади денари, а расходите  повеќе од 7 милиони 738 илјади денари, Куманово паркинг остварило добивка од околу 467 илјади денари. Истиот период…

Read More

ВМРО-ДПМНЕ: Општината ја заборави населбата „Перо Чичо“

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвинија локалната власт дека целосно ја заборавила населбата Перо Чичо, која е една од најголемите во градот. Тие го потсетија градоначалникот, Зоран Дамјановски дека на локалните избори ветил асфалтирање на улиците 6-ти април, Анѓа Ранковиќ, 30-ти јули, Руѓер Бошковиќ и Трајко Прокопиев, но истото не го исполнил.
-Зарем граѓаните на оваа населба не заслужуваат  да чекорат по асфалтирани улици наместо да избегнуваат дупки и да се глават во кал….

Read More
1 915 916 917 918 919 926