Деветоодделенец создаде велосипед-четвороцикл

Деветоодделенецот Дарко Стојановски од основното училиште  „Магдалена Антова“ со своите вешти и вредни раце, од стари делови создаде велосипед-четвороцикл. Возилото е вистински хит меѓу кумановци, кои љубопитно го гледаат, но и фотографираат. Петнаeсетгодишното скромно момче со нескриен талент и креативност, вели дека за изработка на овој велосипед кој работи на педали, му биле потребни два месеци.
-Има стари делови 80 проценти и 20 проценти нови, деловите се од автомобили, моторцикли, велосипеди. Не ми помагаше никој, сам го…

Read More

Во сабота групна крштевка во „Свети Никола“

Во сабота во храмот „Свети Никола“ за прв пат од постоење на кумановско-осоговската епархија ќе се одржи групно крштевање. Чинот кој е планирано да започне во 10 часот, е наменет за лица постари од 18 години. Од епархијата соопштија дека веќе се пријавиле 10-ина лица, кои сакаат да ја примат православната вера.
-Лицата кои ќе дојдат да бидат облечени во кратки маички и шорц за да можат да бидат крстени, помазани со елеј, па потоа и…

Read More

Зоран Дамјановски е реизбран за претседател на Совет на СИПР

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски е реизбран за претседател на Советот на Североисточниот плански регион. Тој по четврти пат едногласно ја доби довербата од своите колеги од Старо Нагоричане, Липково,  Крива Паланка, Ранковце и Кратово.  Бидејќи Куманово партиципира најголем фонд на средства во буџетот на регионот,  околу 65 проценти логично е градоначалниците да дадат предност на најголемата самоуправа во државата, смета Дамјановски. Тој  додава дека иако Советот на СИПР е формиран согласно  Законот за рамномерен…

Read More

Продолжен рокот за аплицирање за субвенции

Пролонгиран е рокот за поднесување барања за субвенции за земјоделско производство и сточарство. Заинтересираните за оваа мерка може да аплицираат до крајот на месецов. Оваа одлука ја донесе Владата за да им излезе во пресрет на земјоделците.
-Рокот е продолжен до 30 –ти јуни. Воедно, сите производители на кравјо и овчо млеко за првите 4 месеци од годинава можат да поднесуваат барања за произведено и продадено млеко во млекарниците до 15-ти јуни, изјави Насер Даути, раководител…

Read More

Старо Нагоричане ќе се збратими со Општина Свинита

Пријателството помеѓу Општина Старо Нагоричане и Општина Свинита од Романија резултираше со потпишување на меморандум за соработка, а ќе заврши со збратимување на двата града на почетокот на август. Имено градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, Милован Стојковски на иницијатива на македонскиот амбасадор Панде Лазаровски минатата недела беше во посета на Романија. Тој ја искористил можноста за збратимување со Свинита, а ги посетил Општините Анина и Молдова Нова.
-Ова е едно ново искуство на Општина Старо Нагоричане…

Read More

Осветен новиот храм во село Петралица

Црковната камбана вчера предпладне го најави свечениот чин на осветување на манастирот Света Троица, лоциран во кривопаланечкото село Петралица, поточно во месноста викана Кутлев крст. Дворот на манастирот беше мал за да ги прими  бројните верници, кои што дојдоа од сите краеви. Свеченоста по повод осветување на овој Божиј храм, кој ќе го врати духовниот живот во ова село, ја водеше поглаварот на македонската православна црква, заедно со митрополитите на кумановско-осоговската и тетовско-гостиварската епархија.
-Денеска и…

Read More
1 925 926 927