Деветоодделенец создаде велосипед-четвороцикл

Деветоодделенецот Дарко Стојановски од основното училиште  „Магдалена Антова“ со своите вешти и вредни раце, од стари делови создаде велосипед-четвороцикл. Возилото е вистински хит меѓу кумановци, кои љубопитно го гледаат, но и фотографираат. Петнаeсетгодишното скромно момче со нескриен талент и креативност, вели дека за изработка на овој велосипед кој работи на педали, му биле потребни два месеци.

-Има стари делови 80 проценти и 20 проценти нови, деловите се од автомобили, моторцикли, велосипеди. Не ми помагаше никој, сам го правев-наведе тој.

Оваа  иновација,  на Дарко му го обезбеди  првото место на техничкиот саем, кој се одржа во средното училиште „Наце Буѓони“. Победата освен финансиски средства ќе му овозможи и учествува на државниот натпревар во Крушево.

05.06.2015 - Inovator

– Татко ми работи и затоа тоа ме влече да го правам. Од малечок откако тргнав во училиште со татко ми работевме и ова го направив-нагласи тинејџерот.

Тој додава дека веќе има заинтересирани лица кои сакаат да го купат велосипедот. Купувачите нудат дури 300 евра за неговото иноваторско дело, но тој вели дека не размислува да го продаде.

-Сега планирам друго да направам за двајца автомобил, само да можат и двајца да вртат педали, од стари делови исто така, но се уште не сум започнал-нагласи Дарко.

Инаку пред овој велосипед-четвороцикл, тој направил багери од железо и моторцикл од дрво. Дарко наведе дека нема да се откаже од овој занает и дека образованието ќе го продолжи на некој од смеровите во средното техничко училиште „Наце Буѓони“.

 

Коментари

коментар(и)