Хрвати организираа предавање за Торинско платно

Торинското платно, односно сликата на човек за кој се претпоставува дека е Исус Христос, е најистражуван предмет во историјата на христијанството, беше истакнато на синоќешното предавање кое се одржа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Предавањето го организираше Здружението на Хрвати на Република Македонија, огранок Куманово, а предавач беше свештеникот Антун Нижетиќ од капелата Свети Иван во Куманово. Свештеникот истакна дека научниците се уште не можат да откријат како настанала сликата на платно.

-Последно до кое што дојдоа е дека се случило поради отсјај на голема енергија од едно тело и на него точно се гледаат повредите и  маката- изјави Антун Нижетиќ, католички свештеник.

Организаторите истакнаа дека целта на предавањето е да се запознае пошироката јавност со значењето на Торинско платно.

-Ние се одлучивме како заедница на Хрвати во Република Макеоднија огранок Куманово, во соработка со католичка црква од Куманово да организираме едно предавање на тема Торинско платно како најистражуван предмет во историја на христијанството-истакна Иван Шеркиниќ, претседател на Здужение на Хрвати Куманово.

На предавањето присуствуваа членови на Здружението на Хрвати, како и бројни граѓани.

 

 

 

Коментари

коментар(и)