Утре втор „Малински фото фестивал“

Со изложба на минијатурни фотографии утре ќе се отвори вториот Малински фестивал,  кој е единствен од ваков вид во државата.

Љубителите на фотографската уметност ќе имаат можност да проследат шест фото проекции, меѓу кои изложбите „Круг“, и „Тумба“, како и делата на Фото Клуб Битола.

-Имаме учесници од целиот свет вкупно 290 изложени фотографии и 200 автори. Фотографиите ќе бидат во црно-бела и колор техника, авторите имаа слободна тема да изберат како ќе ги излагаат фотографиите-изјави Дарио Королија, еден од организаторите.

Во рамки на фестивалот ќе бидат отворени и самостојни изложби на Зоран Ѓорѓевиќ и Предраг Поповски. Фестивалот е во организација на Фото клуб Куманово, кои ги повикаа сите граѓани утре во 13 часот да присуствуваат на свеченото отворање на кое ќе одржи во кафулето Галерија.

 

Коментари

коментар(и)