Филипче: Со дополнителната рестрикција, сметаме дека може да се спречи ширењето на коронавирусот

Филипче: Со дополнителната рестрикција, сметаме дека може да се  спречи ширењето на коронавирусот

Министерот
за здравство, Венко Филипче денеска рече дека дополнителната рестрикција на движење
во Куманово која ја донесе Владата треба да придонесе да се спречи ширењето на
коронавирусот.

-Во моментот на Клиниката за инфективна болести хоспитализирани се 67 пациенти, 10 од нив се со тешка клиничка слика.Во Куманово испратени се двајца доктори. Денеска Владата донесе одлука за продолжување на полицискиот час кој ќе трае до денеска од 21 часот, па се до 5 часот сабајле до понеделник. Сметаме дека со…

Read More

23 нови случаи на коронавирус во Куманово

23 нови случаи на коронавирус во изминатото деноноќие се регистрирани во Куманово, со што вкупната бројка на заразени во нашиот град изнесува 85.

Меѓу новозаразените има и здравствени работници од кумановската болница. Според директорката Снежана Захариева, во Општа болница Куманово има 11 здравствени работници позитивни на коронавирусот. Од вкупно заболените, двајца се доктори, тројца се ренген -техничари и шест медицински сестри од Одделот за хирургија,за инфективни болести и за неонатологија. Со последниве 11, вкупната бројка на…

Read More

Целосна забрана за движење на граѓаните за викенд

Целосна забрана за движење на граѓаните за викенд

Владата на Северна Македонија донесе одлука за забрана и посебен
режим на движењето на населението (полициски час) во Општина Куманово, и тоа
целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21:00 часот од петок  (денес) до 05:00 часот во
понеделник.

Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи
секој ден во периодот од 16:00 до 05:00 часот.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на
територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Read More

Градоначалникот побара од такси компаниите намалување на цената во периодот на вонредна состојба

Градоначалникот побара од такси компаниите намалување на цената во периодот на вонредна состојба

Денеска Градоначалникот Максим Димитриевски одржа состанок со претставници од четири лиценцирани такси компании од градот: Принц, Спид, Ало Џокер и Лукс такси. На состанокот се дефинира начинот на спроведување на такси услугите во овој период на вонредна состојба, како и начинот на превоз за итни случаи во време на полициски час. Исто така на состанокот беше договорено цената на такси услигите да се намали стартот од 60 на 50 денари, како мал допринос и помош…

Read More

Чулев од Куманово: Да се почитува полицискиот час

Чулев од Куманово: Да се почитува полицискиот час

Во Куманово се почитува полицискиот час, регистрирани се само 12 прекршувања, истакна при вечерашната посета на оваа општина, министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Првиот човек на полицијата, упати апел до граѓаните од утре да го почитуваат продолжениот полициски час.

-Досега од почетокот на воведување на мерката за ограничување на движење има регистрирано само 12 непочитувања, од кои 10 на територија на Куманово и два на Кратово. Се спроведува мерка за контрола за решенија за…

Read More

Вонредна седница на Советот во 14 часот, во живо на ТВ ПЛУС

Вонредна седница на Советот во 14 часот, во живо на ТВ ПЛУС

 Денеска со почеток во 14:00 во големата сала на зградата на поранешните
општествено – политички организации Комитет, ќе се одржи вонредна седница на Советот на Општина
Куманово.

На дневен ред е точката, предлог одлука за исплата на парични
средства од буџетот на Општина Куманово за набавка на опрема и средства за
дезинфекција за потребите на општината.

Седницата ќе можете да ја следите во живо на телевизија
Плус.

Read More

„Еуро Колеџ“ – пионер во онлајн предавањата во државата

„Еуро Колеџ“ – пионер во онлајн предавањата во државата

Во рамките на мерките преземени од Владата за прекинување на класичното предавање на универзитетите “Еуро Колеџ” од 16ти Март започна со онлајн настава. Наставниците ја изведуваат наставата преку  Google meet платформата, ја следат активноста на студентите притоа користејќи ги сите технички можности за да ја задржат интерактивноста во наставата. Овој начин на настава веќе се применува во многу европски држави и реномирани факултети како La Sapienza од Рим кој инаку е најголем Универзитет во Италија….

Read More

Општинскиот штаб за заштита и спасување со нови мерки по петтиот состанок

Денеска се одржа состанок на Општински штаб за заштита и спасување во потесен состав, во врска со превземање на активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).

Во согласност на препораките од Влада на Република Северна Македонија и Министерство за здравство, на состанокот беа донесени следните препораки и заклучоци:

Се порепорачува на вршителите на јавен градски превоз да ги редуцираат
своите возни линии, на начин на кој ќе може непречено да функционираат и да ги
извршуваат…

Read More

Нови мерки на општинскиот кризен штаб

Нови мерки на општинскиот кризен штаб

Денеска  во просториите на Општина Куманово се одржа
состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на
активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве
препораки, заклучоци и мерки:

– Во насока на превземање на
активности за превенција  и спречување од
ширење на корона вирус, Општинскиот штаб за заштита и спасување ќе побара од
Ј.П”Пазаришта”
да се скрати работното време за 2 часа.

– Во насока на превземање на
активности за превенција  и…

Read More

Нови мерки на Општинскиот кризен штаб

Општинскиот
штаб за заштита и спасување на денешиот состанок во врска со превземање на
активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 ги
донесе следниве препораки, заклучоци и мерки:


Општина Куманово преку Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита
на децата и здравствена заштита, ќе изврши субвенционирање на социјално загрозени
семејства на територија на Општина Куманово, (пакети со прехранбени производи,
основни средства за лична хигиена…)


Општина Куманово ќе побара од Владата на Република Северна Македонија две
возила, кои ќе се користат за дезинфекција и…

Read More
1 659 660 661 662 663 921