Чулев од Куманово: Да се почитува полицискиот час

Во Куманово се почитува полицискиот час, регистрирани се само 12 прекршувања, истакна при вечерашната посета на оваа општина, министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Првиот човек на полицијата, упати апел до граѓаните од утре да го почитуваат продолжениот полициски час.

-Досега од почетокот на воведување на мерката за ограничување на движење има регистрирано само 12 непочитувања, од кои 10 на територија на Куманово и два на Кратово. Се спроведува мерка за контрола за решенија за изолација на 83 лица и на мерката за самоизолција на 183 лица. Генерално досега има 6 прекршувања на мерка за изолација и самоизолација и една кривична пријава за непочитување на работно време на угостителски објект.  Од утре почнува новата мерка поригорозна за време на викенд за ограничување на движење, ги повикувам граѓаните да ја почитуваат мерката, за нивно и за здравјето на нивните семејства-нагласи тој.

Инаку министерот за внатрешни работи заедно со началникот на СВР Куманово, Антон Витков вечерва изврши увид колку кумановци го почитуваат полицискиот час.

Коментари

коментар(и)