Исчезнато е 10-годишно дете од Средорек

Исчезнато е 10-годишно дете од Средорек

Четири дена нема трага од  10 годишниот Џенгис Асани од Средорек, кој што
според изјавата на таткото, Африм, во саботата околу 15 часот излегол од дома и
веќе не се вратил. Африм го пријавил случајот во СВР Куманово и очекува
повратни информации од полицијата во врска со исчезнувањето на детето. Асани
информира дека син му кога излегол од дома носел црвена јакна и ги замолува граѓаните
да помогнат во потрагата.  

Исчезнатото момче Џенгис Асани е роден на 24.10.2009-та година.

Телефон…

Read More

Србите го одбележаа празникот Свети Сава

Србите го одбележаа празникот Свети Сава

„Празнувањето на Свети Сава е верба во иднината, чување
на минатото. Нашата поврзаност со Свети Сава, не е само религиозна, не е само државотворна,
туку е она што ги одржало нашите предци во најтешките мигови, рече, меѓу
останатото, претседателката на Српската заедница во Македонија, Гордана Јовиќ –
Стојковска на Светосавската академија во кумановскиот Театар. Свечената
манифестација по повод националниот празник на Србите во Македонија  Свети Сава веќе 13 години ја организираат Српската
заедница во Македонија, регионален одбор Куманово и ДПСМ .

-Нашата…

Read More

Граѓаните со предлози за решавање на проблем од социјална инклузија

Граѓаните со предлози за решавање на проблем од социјална инклузија

„Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој”, е насловот на проектот кој годинава го имплементира Центарот за развој на Североисточниот плански регион во соработка со Швајцарската Агенција за развој и Министерството за Локална Самоуправа. Во рамки на истиот е предвидено околу 200.000 швајцарски франци да се вложат за решавање на еден проблем, поврзан со социјалната инклузија за ранливите категории граѓани, со кој се соочува регионот. За таа цел денеска во ресторан Грација, се одржа првата од трите форумски расправии на која учествуваат…

Read More

Успешна година за Друштвото на писатели Куманово

Успешна година за Друштвото на писатели Куманово

Триесетина активности реализираше Друштвото на писатели
од Куманово изминатата година, заради што 2019-тата надлежните ја оценуваат
како успешна година. Согласно програмата за работа, членовите на друштвото на
писатели ги чествуваат сите празници, соработуваат со основните и средните
училишта преку распишување на конкурс секоја година во септември, а се
организира и заедничка литератирна средба со наградените уечници, вели
претседателката на друштвото, Божана Трајковска.

– Соработуваме со Сојузот на писателски асоцијации од
десет до единаесет градови
на тој начин што тие ни гостуваат нам на…

Read More

166 лица аплицирале за субвенционирање на комунални услуги

166 лица аплицирале за субвенционирање на комунални услуги

Општина
Куманово и годинава продолжува со субвенционирање на
трошоците за комунални услуги. Рокот за поднесување на барањата за остварување
на ова право заврши на 15-ти јануари, а вкупно аплицирале 166 –мина граѓани од
категоријата стечајни работници и самохрани родители, инфомира раководителот на
Секторот за Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, Цоки
Ристовски.

-Во категоријата стечајни работници беше
предвидено да се субвенционираат 130 стечајни работници и во соработка со
здружението  УНИТ да достават список кои
се тие стечајни работници….

Read More

Донесена програмата за локален економски развој

Донесена програмата за локален економски развој

Советот на Општина Куманово на вчерашната седница ја усвои програмата за локален економски развој за 2020 година. Таа опфаќа различни области, подобрување на бизнис амбиентот, рурален развој, туризам, но посебен акцент има и на младите.

Членовите на Советот на општина Куманово на вчерашната седница ја донесоа програмата за локален економски развој за 2020 година. Во програмата како што информира Ахмет Јашаревски од Одделнието за локален економски развој, се предвидени 13 проекти. Годишниот буџет изнесува 23…

Read More

ДРОМ со еколошки акции и еко патроли во ромските населби

ДРОМ со еколошки акции и еко патроли во ромските населби

„Чиста околина-здрава животна средина“ е насловот на проектот кој го спроведува Центарот за ромска заедница ДРОМ, во рамки на Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан, ReLoad, која е финансиран од Европската унија, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Главна цел на проектот е да се покрене свеста на населението за зачувување на животната средина и намалување на отпадот. Целна група е ромското население кое живее во трите населби Средорек,…

Read More

Општината го поздравува Правилникот за екскурзии

Општината го поздравува Правилникот за екскурзии

Со новиот Правилник за начинот на изведување на
екскурзиите, излетите и другите вонучилишни активности на учениците од
основните и средните училишта ќе се зголеми конкуренцијата меѓу туристичките
агенции, безбедноста на учениците, а се очекува и намалување на цената на
услугата за реализираната активност од страна на агенциите, вели раководителот
на Секторот за образование во општина Куманово, Жика Крстевски. Тој ја
поздравува одлуката на министерството за образование и наука за измена на
правилникот .

– Ние како општина реагиравме предминатата година со
допис од…

Read More

Светосавска академија во Театар Куманово

Светосавска академија во Театар Куманово

По повод националниот  празник на Србите во Македонија, Свети Сава Регионалниот
одбор на Српската заедница од Куманово и Демократската партија на Србите во
Македонија, организираат 13-та по ред Свечена Светосавска академија.

На манифестацијата
ќе присуствуваат високи гости од Србија и Македонија, а традиционално ќе биде прочитана и Светосавската беседа.

-Во Куманово се отвора Светосавската недела, ние сме среќни што почнува од Куманово , а ќе заврши во Тетово, Битола, преку Скопје , секаде каде што живеат и работат Срби….

Read More

Петковски: Нема да гласаме за технички неисправни документи!

Петковски: Нема да гласаме за технички неисправни документи!

Советниците од ВМРО ДПМНЕ денеска не
учествуваа во дискусиите и донесувањето на решенијата за давање на мислење на статутите на неколку основни училишта , откако претходно координаторот  на советничката група, Драган Петковски во
врска со предлог- одлуката за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Јавната установа „Професор Мијалковиќ“  рече дека Статутарната
одлука која треба да ја донесат се повикува на непостоечки Службен весник и
побара предлагачот да ја повлече точката од дневниот ред…

Read More
1 669 670 671 672 673 920