Забава под маски во шесте објекти на „ Ангел Шајче“

Забава под маски во шесте објекти на  „ Ангел Шајче“

Снежани, принцези, вештерки, спајдермени, бетмени, полицајци се само дел од денешните маски кои што дечињата од градинката Буба Мара ги избраа да продефилираат  во дворот на градинката. Традиционално по повод Први април – Денот на шегата се организира забава под маски во сите шест објекти на градинката Ангел Шајче. Дечињата од Буба Мара денеска во пресрет на Први април  се забавуваа, кажуваа шеги, пееја песнички за денот на шегата и едноставно уживаа со своите воспитувачки.
-Обично…

Read More

Отворена меѓународна изложба на уметничка фотографија

Отворена меѓународна изложба на уметничка фотографија

Во организација на Фото Кино Клуб „Козјак“, вчеравечер беше отворена 11 –тата меѓународна изложба на уметничка фотографија, „Фото Салон 2017“. На изложбата, која се одржа во уметничката галерија се пријавиле 371 автор од 56 земји од светот.
-Стручното жири одбра 198 награди во шест категории.Оваа година учесниците можеа да работат на шест теми,портрет,музика,природа,живот,слободна црно-бела и колор фотографија“-изјави  Дејан Ангеловски, претседател на Фото Кино Клуб „Козјак“
Меѓу наградените има и македонски автори, Сашо Алушевски, Миладин Поповиќ, Татјана Ранташа,…

Read More

Доделени сертификати за завршени обуки

Доделени сертификати за завршени обуки

Сертификати за успешно завршување на обуките  од машинската и електро-техничката струка добија 60 млади луѓе . Петмесечните обуки беа во рамките на завршениот проект „Инклузија на млади од социјално ранливи категории на пазарот на трудот во североисточен плански регион“. Проектот го спроведуваа техничкото училиште „Наце Буѓони “ и Центарот за развој на североисточниот плански регион.
– Младите се обучиле од електро струката за инсталации во станбени објекти,а од машинската за работа на цнц машини.Воедно, во рамки…

Read More

КК Куманово во финалето на БИБЛ

КК Куманово во финалето на БИБЛ

Кошаркарите на Куманово вечеравечер на домашен терен реализираа победа со која запишаа историски успех. За прв пат ќе имаат можност да се натпреваруваат во финалето од БИБЛ лигата и да се борат за првиот балкански пехар.
Со резултат 86:80 кошаркарите на тренерот Марјан Србиновски го совладаа составот на косовскиот Пеќ и си го отворија патот во финале каде ќе треба да го надиграат бугарскиот клуб Берое.
Катастрофалниот старт на кумановци кога во првите пет минути гостите од…

Read More

ЖРК Куманово немоќен против Металург

ЖРК Куманово немоќен против Металург

Ракометарките на Куманово бележат пораз на вчерашниот меч во рамките на женската ракометна лига на Македонија, кој на домашен терен го играа против екипата на Металург, откако по силната борба сепак беа совладани со резултат 34:26.
Кумановки поведоа уште на самиот старт на натпреварот и добро го балансираа резултатот во текот на првата половина од средбата која заврши со резултат 11:15 во корист на гостинскиот состав.
И покрај тоа, избраничките на тренерот Антонио Ивановски се трудеа во…

Read More

Амбасадорот Безак во посета на Општина Куманово

Амбасадорот Безак во посета на Општина Куманово

Словачкиот амбасадор Мартин Безак денеска оствари протоколарна посета и на Општина Куманово каде се сретна со градоначалникот Зоран Дамјановски со кој развиле плодна дискусија на неколку различни теми.
На средбата се разговарало за состојбите во локалната самоуправа, но и за перспективите кои би требало да значат излез од кризата во која моментално се наоѓа македонското општество. Како што посочи Дамјановски се разговарало и за економските состојби и потенцијали на Општина Куманово, миграцијата, но и безбедносните предизвици…

Read More

ВМРО ДПМНЕ: Не се работи во интерес на граѓаните

ВМРО ДПМНЕ: Не се работи во интерес на граѓаните

-Се наоѓаме во населеното место Проевце каде што минатата недела се случи страшна хаварија предизвикана  од неажурноста и од неодговорноста на јавното претпријатие „Водовод“ и градоначалникот кој целосно го игнорира овој сериозен комунален инцидент. Поточно по којзнае кој пат пукна  главната водоводна цевка која ги снабдува околните населени места од висока зона со вода . Предизвика таква поплава што ги вознемири сите.  За неколку часа   огромни количества вода предизивикаа значителна материјална штета на жителите од…

Read More

Утре повеќе делови од градот без струја

Во текот на утрешниот ден во период од 08:30 до 15:00 часот без електрична енергија бидат улиците: „ Дојранска“, „Христијан Тодоровски Карпош“, „Киро Фетак“, „Белградска“, „1-ви Мај“, „Вера Ц. Трена“, „Сава Ковачевич“, „Ристовац“, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Во период од 09:00 до 13:00 часот прекини на електричната енергија ќе има во атарот на селото Винце.
Станува збор за планирани прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во електро-дистрибутивната мрежа.

Read More

Протестниот марш продолжува

Протестниот марш продолжува

„Вечерва сум овде  да го подигнам својот глас против срамните обиди на подмолен начин да се протури нов концепт на уредување на државата Македонија, напишан во странски држави,изготвен и инспириран од белосветски стратези и со домашни извршители во обид,сублимиран во документот во т.н.платформа од Тирана“- рече Мирослав Тричковиќ од српската заедница , на синоќешниот протестен марш во организација на граѓанската иницијатива.
-Таа платформа директно е вперена против уставното уредување на Р.Македонија,македонскиот народ, идентитет, јазик,име  и дека…

Read More

Итна помош ќе добие ново санитетско возило

Итна помош ќе добие ново санитетско возило

Санитетско возило за Итна помош Куманово ќе донира Амбасадата на Словачка во Македонија најавија на денешната прес конференција, директорот на Здравствен Дом Куманово, Миомир Панковски и амбасадорот на Словачка, Мартин Безак.
-Донацијата е мерцедес комби која ќе се користи за потребите на екипите на Итна Помош.Многу сме благордани за донацијата,бидејќи и покрај тоа што имаме возила, секогаш е добро да имаме дополнително кое како и претходните кои што ги добивме од Владата ќе биде одлично опремен…

Read More
1 816 817 818 819 820 931