Дедо мраз ја посети градинката „Кокиче“

Дедо мраз ја посети градинката „Кокиче“

По повод претстојните новогодишни празници, денеска Дедо мраз ја посети градинката Кокиче, која се наоѓа во близина на гимназијата Гоце Делчев. Дечињата играа и пееја новогодишни песнички, а имаат можност да ја проследат и куклената претстава Санката на Дедо мраз, која ја изведоа вработени во установата. Во наредните шест денови Дедо мраз ќе ги посети и останатите градинките низ градот. На свеченоста присуствуваа околу 260 деца.
-Oвде како и секоја година ќе ги искористиме и моралните…

Read More

Започна новогодишното украсување на градот

Започна новогодишното украсување на градот

Од вчера започна новогодишното украсување во централното градско подрачје. Различни светилки и украси деновиве ќе бидат поставени на булеварите Трета МУБ, Октомвриска револуција, и дел од улиците 11-ти октомври, Народна револуција и Доне Божинов. Веќе е поставена и шестметарска елка во близина на споменикот Батко Ѓорѓија на Градскиот плоштад, како и една фонтана.
-Во мое и во име на сите вработени во ЈП Паркинг на сите граѓани во општина Куманово да им ја честитам претстојната Нова…

Read More

Волонтери од Црвен крст на обуки во Струга

Волонтери од Црвен крст на обуки во Струга

Промоција на хигиена и теренско возење, се насловени двете обуки кои ги проследија волонтери од општинската организација на Црвениот крст. Обуките кои имаа теоретски и практичен дел се одржаа изминативе недели во Струга.
-Првата обука беше за промоција на хигиена имавме првин теорија како да направиме проценка на одредена територија во врска со хиената а потоа имавме практична обука во село Мороишта во близина на Струга каде што излеговме на терен имавме комуникација со локалното население,…

Read More

Ученици од Киро Бурнaз ја посетија Португалија

Ученици од Киро Бурнaз ја посетија Португалија

Александар Илиевски и Антонио Стојановски се двајцата ученици од средното стручно училиште „Киро Бурназ“ кои заедно со нивниот ментор Сашо Стефановски, изминативе две недели престојуваа во Португалија. Посетата е дел од проектот Apple -Земјоделска пракса и практично учење во Европа,  а е во рамките на Еразмус+ проектот на националната агенција од Скопје. Проектот има за цел да ги подобри можностите за вработување на ученици, веднаш по завршување на средното стручно образование, да го зголеми чувството…

Read More

Опожарени силоси на „Житомел“

Нешто повеќе од 5 часа биле потребни, припадниците на Територијалната противпожарна единица од Куманово да ја совладаат огнената стихија која ги зафатила силосите на поранешната компанија за леб и бели пецива „Житомел“.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, вчера околу 12:05 откако нивните екипи добиле пријава веднаш излегле на терен кај силосите во близина на Железничката станица. Огнот го гаснеле со четири возила и деветмина пожарникари и конечно успеале да го локализираат…

Read More

Јонел Браун ново засилување за КК Куманово

Јонел Браун ново засилување за КК Куманово

Кошакркарскиот клуб Куманово доби нов член. На местото на досегашниот плејмејкер и капитен на клубот, Александар Костоски кој потпиша со романскиот Питешти, веќе во среда ќе се најде американскиот интернационалец Јонел Браун.
Браун ќе игра на плејмејкерската позиција, а доаѓа од редовите на кипарскиот тим Ниар Ист Универзитетит, каде има играно со „поранешниот кумановец“ Вукашин Мандиќ. Браун е државјанин на Соединетите Американски Држави, каде настапувал за Кенеси Универзитетот, а има 22 години и е висок 175…

Read More

Се одбележува празникот Свети Никола

Се одбележува празникот Свети Никола

Православните верници денеска го одбележуваат Свети Никола, слава која ја празнуваат најмногу семејства во кумановскиот регион. Токму поради тоа утринава голем број верници ги посетија црквите во градот, сечеа славски колачи, запалија свеќи за здравје и се помолија за најблиските. Во соборниот храм кој го носи името на светецот, митрополитот кумановско-осоговски Јосиф служеше литургија.
Свети Никола или Свети Николај Чудотворец, се верува дека луѓето ги штител од секакви неприлики, но сепак во народното предание најмногу е…

Read More

„Вук Караџиќ“за Интегрирано мултиетничко образование

„Вук Караџиќ“за Интегрирано мултиетничко образование

Основното училиште Вук Караџиќ работи на проект кој е поддршка за интегрирано мултиетничко образование, кој се спроведува веќе подолг период. За разлика од првиот кој беше подржан преку Министерството за образование и наука, вториот дел се спроведува благодарение на невладината организација Здружение мировна акција и мировни студии од Загреб, со финансиска поддршка на  Европската унија.
-Се работи за проект кој ние треба да го реализираме некаде од февруари до април наредната година и веќе сме вклучени…

Read More

Ракометарите славеа против Преспа

Ракометарите на Куманово остварија нова победа откако викендов на гостински терен во рамките на првата машка ракометна лига го совладаа составот на Преспа од Ресен со резултат 36:30.
Доминација во играта кумановци покажаа уште од самиот почеток на средбата па го полнеа голот на домаќините. И покрај големата желба од страна на ракометарите на Преспа да го намалат водството на избарниците на Димковски, сепак на полувреме се замина со резултат 18:15 во корист на екипата на…

Read More

КК Куманово убедливо против Вардар

Кошаркарите на Куманово ја забележаа четвртата по ред победа во домашното кошаркарско првенство, откако викендов на гостински терен убедливо го совладаа составот на Вардар со резултат 92:67.
Победата на Куманово беше решена уште во првата четвртина од средбата кога со убедливо водство од 16 поени избраниците на Србиновски направија резултат 24:8. Добрата игра продолжи и во вторите десет минути од првото полувреме, кога сино-белите направија водство од 29 поени разлика, односно резултат 44:15. Кошаркарите на Вардар…

Read More
1 829 830 831 832 833 920