НРЦ одбележа 10 години постоење

Со дебата на тема „Роми 2015, Роми 2020“, Националниот ромски центар денеска одбележа 10 години постоење. На свеченоста беше презентиран материјал за почетоците, напредокот и развојот на оваа организација од 2005 година. Пред присутните се обрати извршниот директор на НРЦ, Ашмет Елезовски кој истакна нивна целна група не се само Роми, туку лица кои се соочуваат со бариери и пристап до права.
-Сега во моментов сме лоцирани на шест градови, работиме на едно многу важно прашање,…

Read More

Се одржа поетско-музичка вечер

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ синоќа во 19 часот се одржа петта по ред поетско музичка вечер, која е во организација на Здружението на граѓани Друштво на писатели на Куманово. На манифестацијата беа наградени најдобрите творби  на учениците од  основните и средните училишта од градот, кои учествуваа на литературниот конкурс кој го распиша Друштвото на писатели.  Претседателката на друштвото, Божана Перо Трајковска истакна дека целта на оваа поетско музичка вечер е да се поттикне…

Read More

Се асфалтира улицата Белановска

По цели 15 години жителите на улицата Белановска во населбата Добрашане, ќе одат по нов асфалт. Дупките наскоро ќе бидат минато за граѓаните кои живеат во оваа населба. Се асфалтираат околу 2.400 метри квадратни, како дел од проектот за реконструкција на околу 7 километерската патна инфраструктура. Иако 90 проценти работата е реализирана, градоначалникот Зоран Дамјановски најави уште поинтензивна санација на патната инфраструктура во наредниот период.
-Имаме уште 10 проценти од завршување на работи за тековно…

Read More

Во Стари лозја нема асфалт, водовод и канализација

Мештаните на месноста Стари лозја, која е дел од населбата Перо Чичо, со години се без основни услови за живот. Тие немаат улично осветлување, асфалт, ниту пак канализациона и водоводна мрежа. Токму ова прашање на вчерашната седница на Советот на Општина Куманово го покрена советеникот од коалицијата за подобра Македонија, Ашмет Османовски. Според него овие луѓе се заборавени од локалната самоуправа.
-Имаат патеки кои сами ги направиле со движење, но тоа што загрижува е што се…

Read More

Промоција на „Рогот на љубовта“ на Павловски

Во Градската библиотека „Тане Георгиевски“ денеска се одржа промоција на книгата Рогот на љубовта од Божин Павловски. Станува збор за автобиографски роман, во кој дејството се случува во средината на минатиот век. Авторот посочи дека во делото е опишан ентузијазмот на младите луѓе кои тогаш пројавиле интерес за сопствено издигнување, во периодот кога започнува заминувањето во туѓина.
-Времето во кое младите сакаа да ги раскинат сите бариери и да создадат сопствена слика за светот, ми се…

Read More

Отворена изложба на оружје од османлиски период

Оружје од Османлискиот период до крајот на Втората светска војна е насловот на изложбата на кустос, историчар во кумановскиот музеј Марија Живачки, која синоќа беше отворена во Уметничката галерија. Кумановци имаа можност да разгледаат околу 50 парчиња ладно и огнено оружје. Авторката истакна дека се одлучила за оваа изложба затоа што оружјето било постојан придружник на македонскиот народ во борба за слободата.
-На изложбата има претставено ладно оружје, јатагани, белопасец црнопасец кои се богато изгравирани, има…

Read More

Куманово го победи МЗТ Скопје

Кошаркарите на Куманово најавија возбудлива и неизвесна сезона, откако синоќа на домашен терен го победија актуелниот шампион, МЗТ Скопје, со резултат од 74:72 поени.  Домаќините играа одлично во текот на натпреварот и имаа предност дури од 12 поени, но сепак на крајот следуваше неизвесна завршница. Но големата желба и зрелост кај играчите и неверојатната поддршка од навивачката група Кумани и останатите верни фанови, беа пресудни за крајниот резултат. Со ова тимот на Љубисав Луковиќ покажаа дека…

Read More

Средношколците утре ќе протестираат

Средношколскиот пленум од Куманово утре ќе одржи протестен марш низ центарот на градот, затоа што Министерството за образование се уште не одговорило на нивните минатогодишни барања.  Маршот ќе започне во 12:15 часот од пред гиманзијата Гоце Делчев, по што средношколците ќе се упатат на Градскиот плоштад,  а ќе заврши пред Секторот за образование и наука. Тие велат дека протестите продолжуваат се додека не се смени екстерното тестирање, затоа што анамалиите влијаат врз просекот на учениците.
-Целта е…

Read More

Лица со интелектуална попреченост добија работна можност

Седум лица со интелектуална попреченост од двата дневни центри од Куманово, од денеска ќе добијат работен ангажман. Тие ќе имаат можност да го продаваат списанието Лице в лице, кое третира општествено одговорни теми, кои се наоѓаат на маргините во дневните медиуми. Од Центарот за интелектуална попреченост, Порака наша велат дека на овој начин и на нивните корисници ќе им се даде можност сами да заработуваат.
-Сите сме многу возбудени и ние како нивни едукатори прв пат…

Read More

Болницата нема апарат за снимање густина на коските

И годинава на Светскиот ден на борба против остеопорозата, 20-ти октомври, општата болница во Куманово е без апарат за снимање на густина на коските, иако граѓаните се интересираат за остеопорозата. Ортопедот, Стефан Трајановски истакна дека заради тоа тие се принудени пациентите да ги препраќаат на Клиничкиот центар. Тој додава дека за разлика од предходните, последниве години е значително подигната свеста за ова заболување, кое особено  е изразено кај женската популација на возраст над 55 години,…

Read More
1 891 892 893 894 895 919