„Ученици од нашето училиште земаа учество на 46-та МАКИНОВА и 23-та ЕКОНОВА 2025 година кои во организација на Народна техника на Македонија, СПАТУМ и Министерство за образование и наука се одржаа во СОУ,, Киро Спанџов Брко” Кавадарци од 5-7 декември“, објави ОСТУ „Наце Буѓони“ Куманово. Според објавата, ученици од здравствена и електротехничка струка се претставиле со своите трудови и иновации, како и секоја година. Ученикот Павел Божиновски од насоката електротехничар за компјутерска техника и автоматика освои 1-во место на…
Види повеќеДневник
Дневен билтен на Секторот за внатрешни работи Куманово
Дневен билтен на Секторот за внатрешни работи Куманово На 08.12.2025 во 15:30 часот во СВР Куманово, А.Е.(30) од Куманово пријавил дека во угостителски објект во локалитет „Гарнизон“ во Куманово со тврд предмет бил нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 08.12.2025 во 10.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.А. (56) од село Черкезе, кумановско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајден и одземен е…
Види повеќеОдбележан празникот Свети Климент Охридски
Во Занаетчиски дом денеска се одржа културно – уметничка манифестација, во чест на просветителот Свети Климент Охридски, заштитник на Македонија, градот Охрид и Македонската православна црква, писател, учител и основач на Охридската книжевна школа, информира Општина Куманово преку соопштение испратено до медиумите. Во соопштението се вели: Присутните на настанот имаа можност да проследат краткометражен документарен филм за ликот и делото на Св.Климент Охридски, литературно читање на поетски творби и извадоци од познати дела и да…
Види повеќеПожарната од Куманово доби донација од Австрија
Територијалната противпожарна единица Куманово доби уште едно противпожарно возило од Австрија. Возилото TLF 2000, како што информираат од доброволната противпожарна служба во Серфаус, беше свечено предадено на шести декември, а во наредниот период ќе служи во Куманово, надградено во спасувачко возило со дополнителна опрема. За пожарникари од ТППЕ Куманово беше спроведена и практична обука во Австрија, на која детално беа покажани сите можности на возилото.
Види повеќеВИДЕО: МВР: Граѓаните да не употребуваат пиротехника
Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до граѓаните, во кој ги повикува да се воздржат од употреба на пиротехнички средства за време на новогодишните празници. Воедно, МВР потсетува на законските одредби во кои е санкционирана употребата на пиротехнички средства, прекршочни глоби кои предвидуваат и затворски казни за лицата кај кои ќе бидат пронајдени експлозивни материи.
Види повеќеВИДЕО: „Порака наша“ го одбележа деветнаесеттиот роденден
Со многу пријатели, радост и прегратки, во вистинска семејна атмосфера, корисниците на „Порака наша“ го прославија деветнаесеттиот роденден на центарот. Како граѓанско родителска организација која активно ги застапува правата и интересите на лицата со интелектуална попреченост , „Порака наша“ постои од шести декември 2006 -та година, а 2023 -тата стана лиценциран центар за рехабилитација и реинтеграција. Се залага за примена на концептот „живеење со поддршка“, како современ модел за социјална инклузија и независен живот на лицата…
Види повеќеВИДЕО: Купувајте мед од локалните производители, порака од пчеларското здружение „Пчела“
Дводневниот саем на мед организиран од пчеларското здружение „Пчела“ од Куманово, овојпат во „ Ла плаза мол“ беше одлична можност потрошувачите да се запознаат со квалитетот на кумановскиот мед, но и бенефитите од овој природен производ, во пресрет на сезоната на вируси и грип. Како да се сузбие нелојалната конкуренција, дали може да се препознае вештачкиот мед и што порачаа пчеларите од Куманово, од кого граѓаните да купуваат природен мед од изјавите во видеото, по…
Види повеќеЈавен повик за изнајмување на продажен штанд за „Новогодишно – Божиќен базар“
По повод новогодишните и божиќните празници, Регионалната занаетчиска комора – Куманово, во соработка со Општина Куманово ги известува сите заинтересирани правни и физички лица за можноста за изнајмување продажен штанд на претходно утврдена и одобрена локација. Локација: Градски плоштад „Нова Југославија“, центар на градот Период на настанот: 15.12.2025 – 10.01.2026 година Цел на настанот: промоција на бизниси и локални производи, развој на економијата и културата, промоција на занаетчиството, поттикнување на одржлив економски развој, создавање позитивно новогодишно расположение…
Види повеќеРециклирај! Редуцирај! Подари! Завршна активност на проектот „Еко едукативен центар за деца и млади”
Во рамките на завршните активности од проектот „Еко едукативен центар за деца и млади“, Младинскиот совет ќе го претстави резултатот преку Божиќен пазар, кој ја пренесува пораката за мотивираност и стремеж кон поодржливо и почисто Куманово. Цел на проектот е да го зајакне генерацискиот капацитет на младите луѓе, преку едукација и активно учество со зелени и иновативни решенија, со цел да создадат долгорочен и одржлив еколошки и економски развој на заедниците. Проектот се разлизира како…
Види повеќеПриведени жители на Опае заради поголема количина тутун
Две лица на возраст од 56 и 58 години од липковското село Опае биле приведени завчера заради поседување поголема количина на тутун, соопштија од Секторот за внатрешни работи Куманово. Според полицијата, при извршен претрес кај нив по судска наредба била пронајдена поголема количина тутун и машина за режење тутун. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, информираат надлежните.
Види повеќе








