Со обуки за дефицитарни струки до намалување на невработеноста

Тринаесет невработени лица од социјално ранлива категорија ќе посетуваат петмесечна обука за дефицитарни струки во различни компании. По завршувањето на петмесечниот курс кандидатите полагаат испит и се стекнуваа со сертификат, а потоа ќе бидат вработени шест месеци во фирмата во која се обучувале. Лицата ќе добиваат по пет илјади и петстотини денари месечно додека ја посетуваат обуката. Во проектот освен Куманово вклучени се и општините Старо Нагоричане, Липково и Ранковце. Програмата се имплементира во партнерство…

Види повеќе

Над 500 деца на листата на чекање за во градинка

Нови  278 деца се запишани во јунскиот уписен рок во градинката „Ангел Шајче“ за учебната 2015-16 година, а повеќе од 500 се на листата на чекање. Точната бројка на запишани деца ќе се знае на први септември  бидејќи за некои од нив родителите се уште немаат потпишано договор. Во секој случај, вкупниот број на деца кои посетуваат градинка  веќе подолго време го надминува проектираниот капацитет вели директорката Марина Алексовска. – Ние како градинка имаме толеранција,…

Види повеќе

Градската библиотека доби 228 нови дела

Библиотеката „Тане Георгиевски“ го збогати книжниот фонд со 228 нови наслови и вкупно 623 новопечатени книги. Набавката е направена по завршувањето на саемот на книгата и се состои од најразлични жанрови.  Застапени се светски бестцелери, македонски и љубовни романи, мемоари,  криминалистика, научна фантастика и сликовници за најмладите. Книгите се на македонски, албански и српски јазик и се наменети за сите читатели. – Набавката е направена од десетте најреномирани издавачки куќи во Македонија и вредна е…

Види повеќе

Ќе се асфалтира патот Романовце- Пчиња

Ќе се асфалтира патот Романовце-Пчиња. Претставници на месните заедници денеска на состанок во градежната компанија Бетон во Скопје добиле ветување од надлежните дека ќе се реши повеќедеценискиот проблем. За да се асфалтира патот поради кој мештаните неодамна протестираа првин треба да се изработи проект. Договорено е тоа да го направи фирмата  Бетон, а потоа да се обезбедат потребните дозволи  вели претседателот на месната заедница „Пчиња“ – Дејан Трендевски. Екипи од компанијата веќе се на терен,…

Види повеќе

Прочистени шахтите и сливните решетки

Иако поретко, но сепак при поголеми врнежи од дожд се случува да се излеат шахтите од фекална канализација и отпадните води да течат низ улиците во Куманово. Главната причина за ваквата ситуација  е неодговорното однесување на граѓаните, посочуваат надлежните. Сопствениците на куќите или станбените објекти наместо одводите од кровните конструкции да ги приклучуваат во атмосферската канализација или да ги спроведат низ дворовите, тие за оваа намена ја користат фекалната канализација, велат одговорните  од јавното претпријатие…

Види повеќе

Дамјановски го посети Тетово

Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски заедно со координаторот на советничката група на ДУИ во Советот, Ридван Асани денеска ја посетија Општина Тетово. Тие остварија средба со  градоначалникот на Општина Тетово, Теута Арифи на која и  изразија жалење за ситуацијата во која се најде градот поради поплавите што се случија изминатите денови. Заедно ги посетија поплавените краеви и разговараа со жителите. Инаку Општина Куманово на вонредна седница што се одржа во среда одвои 500.000 денари од…

Види повеќе

Летен камп за волонтери во Кокино

Клубот на млади при општинската организација на Црвениот крст во Куманово и годинава организира четиридневен летен камп. Оваа година кампот, кој е насловен „Подготвеност и дејствување во случај на катастрофи“, се одржува во близина на Кокино. На него учествуваат 35 волонтери од општинските организации на Куманово, Крива Паланка и Ниш од Република Србија. Секретарот на Црвениот крст, Иле Митковски истакна дека секогаш со задоволство им даваат поддршка на активностите на младите волонтери. -Општинската организација секогаш…

Види повеќе

Прослава на Света Петка во Младо Нагоричане

Во село Младо Нагоричане вечерва традиционално ќе се одржи прослава на празникот Света Петка, каде што се наоѓа истоимената црква. Верниците кои што се очекува да дојдат од сите краишта, освен празнична богослужба ќе имаат можност да уживаат и во богата културно уметничка програма.  Оваа прослава веќе неколку години наназад ја организира месната заедница на Младо Наогичане со поддршка на Општина Старо Нагоричане. -Планирано да се одржи турнир во мал фудбал, на него ќе се…

Види повеќе

Асфалтиран крак од булеварот Трета Македонска

После пет децении жителите на делови од  Трета Македонска Ударна Бригада ќе одат по нов асфалт. Распуканите  кракови на булеварот денеска добија нов лик. Се асфалтираат  околу 2.400 метри квадратни, како дел од проектот за реконструкција на 6 ипол километарска  патна инфраструктура, изјави градоначалникот Зоран Дамјановски. -Договорот е за 40 дена да биде завршено околу 32-33 илјади квадратни метри. Мојата концепција беше дека во овој период поради лошите временски услови , зимно- летни периоди има…

Види повеќе

Уапсени девет лица во акцијата „Ќелија“

Девет лица се уапсени, а по 27 Министерството за внатрешни работи се уште трага, по денешната антитерористичка акција насловена Ќелија, против осомничени структури на исламска држава во Македонија. Осомничените се товарат за организирање и врбување на поединици да заминат во паравоените формации надвор од државата. Уапсените се македонски државјани и од различна националност. Собирањето на доказите започнало во септември минатата година и траело до јули годинава, по наредба на јавното обвинителство. Утринава е извршен претрес…

Види повеќе
1 1,100 1,101 1,102 1,103 1,104 1,110