Стотина мигрантии и денеска се движеа по автопатот Скопје-Куманово и покрај тоа што вчера во полициска акција беа уапсени повеќе илегалци во липковското село Ваксинце. Пеш или со велосипед, најчесто во групи тие транзититаат низ Куманово, со намера да ја поминат границата со соседна Србија, а крајната дестинација им се земјите од Европската Унија. Камерата на ТВ Плус регистрираше поголема група на мигранти составена од жени, мажи и деца. Меѓу нив имаше и бремена жена…
Види повеќеДневник
Четириесетина жалби до Советот за етика
37 претставки примила Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите последниве шест месеци. Поплаките најчесто се однесувале на ситуации во кои имало говор на омраза во медиумите против одредени групи во општеството на различна основа, етничка, верска, сексуална, ситуации кога се поттикнува дискриминација, кога има клевета, навреда, кога се открива идентитетот, особено на малолетни лица или пак станува збор за нарушување на приватноста. Ова меѓу другото беше речено на денешната дебата „Информирај и…
Види повеќеМигранти приведени во Ваксинце
Во пет објекти од вкупно 10 во кои е извршен претрес утринава во липковско ваксинце полицијата отктри 128 илегални мигранти. Акцијата беше спроведена под сомнение дека се криумчарат мигранти во селото. Најголем дел од нив се од Сирија, Ирак и од останатите земји на Блискиот Исток. Според портпаролот на МВР, Иво Котевски сопствениците ги изнајмувале објектите на мигрантите за 1.500 евра месечно, а само за засолнување им се наплаќале од 5 до 10 евра без…
Види повеќеСовет за етика на медиуми во Куманово
Саморегулацијата во медиумите како принцип кој доведува до поголема професионалност и етички стандарди во новинарството е темата на која претставниците од Советот за етика во медиумите утре во Куманово ќе одржат предавање.Членовите на Комисијата за жалби и на Извршната канцеларија ќе го промовираат принципот на саморегулација, досегашните искуства на Советот за етика во медиумите и соработката со слични тела во меѓународни рамки. Настанот ќе биде искористен и за прикажување на поинтересните случаи кои досега биле…
Види повеќеЗапочна полагањето на државна матура
Првиот испит на државната матура, мајчин јазик и литература денес го полагаа вкупно 1251 матурант од сите средни училишта во Куманово. Македонски јазик полагаа вкупно 546 ученици додека албански јазик полагаа вкупно 705 ученици. Тестирањето започна во 10 часот. Во процесот на реализација на државната матура беа ангажирани наставници во улога на тестатори и набљудувачи претставници од институции надлежни за образованието во земјава. Испитниот материјал беше доставен во училиштата изутрина пред почетокот на тестирањето и…
Види повеќеСе реконструира водоводна и канализациона мрежа во „Тоде Мендол“
Во тек е реконструкција на водоводната мрежа и канализацијата на улицата „Перо Илиевски“, во населбата Тоде Мендол, кои што беа уништени при вооружениот судир. За оваа цел се издвоени околу 2 ипол милиони денари од буџетот на Општина Куманово, како и дел од Министерството за животна средина и просторно планирање. Ова е една од активности кои се преземаат што поскоро да се врати нормалниот живот во оваа населба. Директорот на јавното претпријатие Водовод, кое е задолжено…
Види повеќеЖелбата за авантура-една од причините за сообраќајки
Се поголем број млади лица се жртви или повредени во сообраќајните несреќи што се случуваат на улиците во Куманово. Појавата се зачестува особено во летниот период кога младите речиси се без обврски поради завршувањето на учебната, но и на академската година. Непријатните настани со трагични последици најчесто се плод од комбинација на повеќе фактори, посочуваат експертите. -Главно е тука младешкиот дух, желбата за авантури, за докажување која особено испливува на површина овој период кога се…
Види повеќеРакот на дојка глобална епидемија
Според податоците од Институтот за онкологија и радиотерапија на годишно ниво има околу 830 случаи на ново дијагностицирани заболени од рак на дојка. Куманово не е дел од Националната скрининг програма и покрај тоа што карциномот на дојка претставува глобална епидемија на денешницата. Кумановската болница сеуште работи со мамограф стар повеќе од 30 години кој е технички неисправен. Од здружението за борба против ракот „Борка“ информираат дека се запознаени со случајот и повеќепати апелирале до…
Види повеќеСтраотна сообраќајка во Бедиње-тројца мртви
Во тешка сообраќајна несреќа попладнево три лица загинаa, а две се повредени, кога автомобил БМВ со кумановски регистаски таблички излетал од надвозникот во Бедиње на автопатот Куманово- Табановце. Според портпаролот на СВР Куманово, Валентина Николовска несреќата се случила пред 17 часот, кога од засега непознати причини автомобилот кој се движел од населбата Бедиње кон центарот на градот изгубил контола и ја пробил заштитната ограда. Откако паднал на автопатот на колата налетала цистерна, која во обид…
Види повеќеКуманово користи стар и неисправен апарат за мамографија
Општата болница во Куманово користи мамограф од 1986 година кој е технички неисправен. Од одделението за ренген дијагностика објаснуваат дека имаат едуциран кадар но поради неисправен мамограф не се во состојба да се вклучат во Националната скрининг-програма за рано откривање на рак на дојка која започна да се спроведува во 17 градови низ земјава. Министерството за здравство е запознаено со случајот и им било ветено дека во иднина Куманово ќе добие нов апарат. Според лекарите…
Види повеќе