Утре ќе се одржи работна средба за Јавниот повик за организирање на културни манифестации во Општина Куманово за 2026 година

Утре ќе се одржи работна средба за Јавниот повик за организирање на културни манифестации во Општина Куманово за 2026 година

Општина Куманово ги поканува сите јавни установи, здруженија, фондации и други правни лица, кои имаат цели, задачи или регистрирана дејност од областа на културата или социјално – хуманитарна дејност на територија на Општина Куманово, на работен состанок по повод претстојниот Јавен повик за прибирање предлог – проекти за организирање на културни манифестации во Општина Куманово за 2026 година.Состанокот ќе се одржи утре, во Занаетчиски дом во 12 часот, информираат од Секторот за култура и спорт,…

Види повеќе

ВИДЕО: Австрискиот амбасадор во посета на пожарната во Куманово

ВИДЕО: Австрискиот амбасадор во посета на пожарната во Куманово

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и амбасадорот на Австрија во Македонија Мартин Памер денеска ја посетија Територијалната противпожарна единица Куманово по повод донацијата – противпожарно возило за спасување и гасење на пожар во урбана средина.

Види повеќе

СВР Куманово: Малолетници употребувале пиротехнички средства на плоштадот

СВР Куманово: Малолетници употребувале пиротехнички средства на плоштадот

Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека вчеравечер околу 21 часот на плоштадот „Маршал Тито“, полициски службеници забележале тројца малолетници кои што употребувале пиротехнички средства. При преглед кај нив се пронајдени 27 парчиња пиротехнички средства, а подоцна во полициска станица со нив е извршен службен разговор во присуство на нивните родители. По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, соопштија надлежните.

Види повеќе

Објавени резултатите од литературниот натпревар по повод „Месец на книгата“

Објавени резултатите од литературниот натпревар по повод „Месец на книгата“

Библиотеката „Тане Георгиевски“ ги објави резултатите од литературниот натпревар кој беше организиран по повод „Месец на книгата“. основни училишта -проза прва награда: Ана-Марија Стефановска од ООУ „Кочо Рацин“, ментор: Фросина Тасевска; втора награда: Марта Јордановска од ООУ „Вук Караџиќ“, ментор Николче Јакимовски; втора награда: Софија Салтировска од ООУ „Кочо Рацин“, ментор: Фросина Тасевска; трета награда: Теодора Милошевски од ООУ „Браќа Миладиновци“, ментор: Жаклина Трајковиќ; трета награда: Мелани Пауновска од ООУ „Толи Зордумис“, ментор: Наташа Пешевска;…

Види повеќе

ВИДЕО: Улична трка во централното градско подрачје

ВИДЕО: Улична трка во централното градско подрачје

Во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт Куманово денеска ќе се одржи улична трка во централното градско подрачје. Традиционалниот спортски настан по повод празникот на градот, 11 Ноември ќе започне во 12 часот пред Занаетчискиот дом, а ќе учествуваат ученици од второ до деветто одделение од сите основни, како и од средни училишта во Куманово, во машка и женска конкуренција. Прво, второ и третопласираните на трката, која се одржува под покровителство на Општина Куманово…

Види повеќе

Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема

Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“(Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18 и 191/18), и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.70/19, 98/19, 302/20, 122/21, 33/24, 208/24 и 193/25), возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Согласно…

Види повеќе

Отворена изложбата „Кумановски ликовни уметници 2025“

Отворена изложбата „Кумановски ликовни уметници 2025“

Во Уметничката галерија на НУ Музеј – Куманово вчеравечер беше отворено 69-то издание на изложбата на уметнички дела „Кумановски ликовни уметници 2025”, на која учествуваат 23 автори од Куманово. Изложбената поставка е составена од дела во различни ликовни дисциплини на сликарство, графика и скулптура, изработени во повеќе ликовни техники (масло, акрил и комбинирана техника на платно), како и други форми на ликовниот израз: инсталации и видео арт.Настанот е реализиран под покровителство на градоначалникот и Советот…

Види повеќе

Пријавени четири обиди за измама во текот на вчерашниот ден

Пријавени четири обиди за измама во текот на вчерашниот ден

Во СВР Куманово во текот на вчерашниот ден биле пријавени четири обиди за измами, соопштија надлежните. Според пријавеното, на четири повозрасни жени едно лице им се јавило на телефон и им кажало дека членови од нивното семејство биле прегазени во сообраќајна несреќа и ќе биде потребна одредена сума на пари за операција, но тие се посомневале во точноста на информацијата и пријавиле во полиција. Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните да бидат претпазливи,…

Види повеќе

ВИДЕО: Куманово празнува – 81 година од ослободувањето на градот и 506 години од постоењето

ВИДЕО: Куманово празнува – 81 година од ослободувањето на градот и 506 години од постоењето

Куманово денеска одбележува 506 години од постоењето и 81 година од ослободувањето на градот од фашистичкиот окупатор. По повод празникот на градот, традиционално на Спомен Костурницата беше положено цвеќе од голем број делегации од Куманово, Владата, Собранието, Армијата, МВР, претставници на амбасади во Македонија, на меѓународни организации, граѓани… Празничен говор одржа Цоки Ристовски, потпретседател на општинскиот одбор на Сојузот на борци од Куманово. Свечената седница годинава се одржа во Занаетчискиот дом. Присутните имаа можност да…

Види повеќе

Стошевски: Започнавме со примена на нова и современа оперативна техника наменета за третман на проксимални фрактури на бутната коска

Стошевски: Започнавме со примена на нова и современа оперативна техника наменета за третман на проксимални фрактури на бутната коска

Кумановската болница континуирано ги подобрува условите и грижата за пациентите. Директорот на јавната здравствена установа, Сашо Стошевски информира дека започнувале со најсовремен третман на трауматолошки повреди. „Во ЈЗУ Општа Болница Куманово започнавме со примена на нова и современа оперативна техника наменета за третман на проксимални фрактури на бутната коска со механизам на двојна компресија. Нашиот тим на хирурзи, ортопеди и трауматолози е обучен за примена на оваа најнова технологија која претставува значителен напредок во третманот на…

Види повеќе
1 13 14 15 16 17 1,111