Наскоро ќе се пуштат семафорите кај „Жмара“

Никако да проработат семафорите на крстосницата на улиците „Октомвриска револуција“ и „Пионерска“,  кои се поставени уште во април. Иако веќе пет месеци е поставена металната конструкција со светлосната сигнализација и знаците, тие се уште не го регулираат сообраќај. Не се остварија ветувањата на надлежните дека семафорите ќе проработат уште до мај. Граѓаните и возачите се лутат што на семафорите трепкаше само жолтото светло и велат дека се чуствуваат небезбедно додека возат или ја поминуваат улицата….

Read More

Продолжува чистењето на речното корито

Продолжува акцијата за чистење на речното корито на Кумановка. Утринава со багер се отстрануваше сметот и зараснатите дрвја, по течението на реката од Митев мост кон Маркетот Туш. Акцијата следи по одлука на општинскиот кризен штаб, навремено да се спречи опасност од можни поплави. За оваа намена општината ќе потроши околу 3 милиони денари, а градежните работи ги изведува фирмата Бетон градба од Куманово.
-Целиот тек на реката Кумановка до Проевце,  стадионот Башкими, сега имам една…

Read More

Оштетен мост опасност во Довезенце

Мештаните од Довезенце се жалат дека веќе неколку години имаат проблем со оштетениот и небезбеден мост на Крива река, кој ги спојува двете страни на селото. Откако сами го изградиле импровизираниот мост, со секое надоаѓање на водата постои опасност од поплави, кои ќе блокираат многу фарми, куќи и 100-ци хектари обработливо земјиште- тврди претседателот на месната заедница на Довезенце и член на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драги Додевски.
-Пред 15 години бевме принудени да изградиме премин…

Read More

3500 метри кубни смет извадени од речните корита

Од десетдневното чистење на коритата на реките Којнарка, Липковка и Кумановка извадени се  околу 3500 кубни метри отпад и зараснати дрвја. Освен отстранување на сметот од реките за овозможување на  слободен проток се планира и чистење на каналите во приградските населби.
– На овој начин ќе делуваме превентивно во пресрет на есенските и зимските врнежи и да превенираме можна поплава во овие трусни делови како што се Средорек, Бавчи и Никола Тесла  кадешто во изминатите периоди…

Read More

Поетски читања за промоција на хуманите вредности

Општинскат организација на Црвен Крст Куманово организираше поетски читања во рамките на проектот промоција на хумани вредности. Освен волонтерите со песни се претсавија и писателите. Преку ПХВ проектот активистите на Црвениот Крст реализирале неколку хумани дела со кои им е помогнато на граѓаните на Куманово.
– Нашиот проект беше да споделиме насмевка, собравме парични средства и на едно сиромашно семејство му изградивме тоалет и се надеваме дека им ја вративме насмевката на тие луѓе,вели Мирлинда Реџепи,…

Read More

Пратениците неквалитетно дебатираат во Собранието

Неквалитетна дебата во Собранието покажува десет месечниот мониторинг на пратениците спроведен од Институтот за демократијa. Проектот вклучува анализа на квалитетот на дебатата на повеќе од 100 седници и над 2000 говори на пратеници од месец мај 2014 до мај 2015 година. По спроведениот мониторинг беше организирана тркалезна маса на тема „Како дебатират пратениците во собранието “ на која беа поканети актуелни и поранешни пратеници, граѓански здруженија и новинари кои ја следат работата на Собранието.
-Не сме…

Read More

Кумановци сами си ги чистат оџаците

Бобан Јаневски е еден од ретките во градот кој повеќе од една деценија се занимава со оџачарство. Тој по професија е ветеринарен техничар но сиромаштијата и трите гладни усти кои го чекаат дома го натерале да заврши шестмесечен курс за оџачар. Од оваа работа не може да се стане богат, но доволно е да се преживее, вели Јаневски. Тој додава дека иако работата е тешка и валкана луѓето кога ќе го видат го поздравуваат и…

Read More

Кумановските атлетичари најдобри во државата

Атлетскиот клуб Куманово оваа година ја заврши како најдобар во државата, бидејќи е убедлив победник во екипен пласман. Првото место на конечната ранг листа го потврди и натпреварувањето на Младински куп на Македонија, на кој кумановци освоија неверојатен резултат и ги оставија далеку зад себе Работнички и Лирија. Тренерот Филип Колески не го криеше своето задоволство од постигнатиот успех. Според него и малите екипи, кои работат во скромни услови, со многу труд и желба, можат…

Read More

Осветена црквата Св. Спас во Долно Којнаре

Во присуство на голем број православни верници вчера на празникот Крстовден, во село Долно Којнаре се одржа мало осветување на црквата Свети Спас. Чинот на осветување на иконите и оспособување на црквата за да се извршуваат богослужби, го изведе кумановско-осоговскиот митрополит Јосиф, во сослужение со свештениците од епархијата.
Новиот храм е изграден со средства на мештаните на Долно Којнаре, а со помош на донатори. Инаку на оваа локација, досега немаше црква.
-Ова е голем ден за населба…

Read More

Месноста „Гладно поле“ без канализација и асфалт

Во  населбата  Перо Чичо, во месноста „Гладно поле “ се уште нема  канализација, асфалт и улично осветлување иако граѓаните за ова платиле на општината уште кога почнале да ги градат нивните домови. „Наместо во урбанизирана средина, ние се уште живееме на поле“ – обвини вчера на пресконференција Мартин Јанчиќ од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ.
-Со години веќе одиме кај градоначалникот и бараме асфалтирање на улиците и приклучок кон канализациона мрежа , но по се изгледа…

Read More
1 897 898 899 900 901 920