DRÄXLMAIER Македонија обезбеди пакети со храна како и новогодишни пакетчиња кои во соработката со локалната единица на Црвен Крст во Куманово беа дистрибуирани до семејствата на кои им е најпотребно и тоа дел во селата од козјачкиот регион, еден дел во градот Куманово и еден дел во областа на Липково.
Донацијата има за цел да им донесе олеснување на семејствата од социјален ризик, обезбедувајќи им пристап до основните прехранбени производи и истовремено да ги израдува најмалите со новогодишни пакетчиња.
Оваа иницијатива е дел од разноликите и бројни активности на DRÄXLMAIER за поддршка и ангажман кон заедницата. Компанијата и понатаму останува посветена на создавање позитивни промени преку одржливи практики.