Jавна дебата со граѓански организации и фондации

Општина Куманово потпиша Меморандум за соработка со УНДП за  проектот „Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD2)”, кој во наредните 4 години има за цел да ја зајакне партиципативната демократија и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, преку зајакнување на граѓанското општество и младите. Целта е активно учество во донесувањето одлуки и подобрување на правното и финансиско опкружување за граѓанските организации . Во рамки на програмата општината започна со реализација на активности.
Општина Куманово ги поканува  ГО и фондации на јавна дебата, со цел разгледување и утврдување на приоритети за претстојниот јавен повик. Дебатата ќе се одржи утре (петок), во кружна сала ( простории во поранешен Комитет), со почеток во 11 часот.

На дебатата ќе се дискутира по следните приоритети: заштита на животна средина, социјална кохезија и намалување на сиромаштија, туризам и култура, младински иницијативи.