MultiКулти младинскиот центар од Куманово веќе втора година по ред го одбележува 12 Август – Меѓународниот ден на младите со MultiКулти фест – младински мини фестивал создаден за музика, смеа, дружба и многу забава.
Оваа година за музиката ќе се погрижат „43s“.
-Ако сакаш да присуствуваш на нешто ново, поразлично и несекојдневно, ако си наш соработник, стар или нов волонтер или ако сакаш да се запознаеш со програмата на нашиот младински центар, придружи ни се и ти, се вели во објавата од младинскиот центар MultiКулти.
Настанот ќе се одржи денес, со почеток во 18:00 часот во просториите на MultiКулти младинскиот центар.