Атлетичарите повторно најдобри во државата

Атлетски клуб Куманово продолжува со одличните резултати периодов. Членовите освоија први и втори места на атлетскиот митинг, младинскиот и сениорскиот куп, а забележаа и неколку лични рекорди. Севкупно по собирање на поените, тие повторно се најдобри во државата.

 

Атлетичарите при Атлетски клуб Куманово повторно се најдобри во државата. Тие периодов постигнаа одлични резултати на атлетскиот митинг, младинскиот и сениорскиот куп. Убедливи резултати клубот бележи и на поединечните државни првенства за различни возрасти, каде што членовите освариле и лични рекорди. Тренерот, Филип Колевски раскажува дека е задоволен што атлетичарите ја надминаа пролетната криза и по вредни и редовни тренинзи оствариле голем успех.

-Младински куп остваривме убедлива победа, прваци сме, сениорски куп беше интересна битката, за малку завршивме втори, но она што е поважно севкупно кога се собираат поените како што се одредува најдобар клуб во државата, имаме освоено најмногу поени од двата купа и во машка и во женска категорија, тоа се четири категории и оваа година сме  најдобар клуб во државата-истакна Филип Колевски, тренер АК Куманово.

Атлетичарите истакнаа дека се задоволни од постигнатите резултати.

-Задоволна сум од настапот на сениорскиот клуб, таму настапив во четири дисциплини, освојувајќи две втори и две први места, иако во тој период се уште имав повреда сепак некако успеав да изборам добар пласман. Изминатиот викенд се одржа и поединечно сениорско првенство, каде што веќе дојде до израз мојата форма и тука веќе освоив 3 први места, скок во далечина, трискок и во фрлање диск-нагласи Матеја Ефремовска, атлетичарка.

-Тренирам атлетика од 2008 година и последнава година забележав доста добри резултати, почнувајќи од младинскиот куп каде што завршив прво пласирана и успеав да освојам доволно поени за нашиот клуб. Потоа и на сениорскиот куп исто така успеав да освојам поени. Потоа се одржа поединечното првенство до 20 години каде исто така бев прва. На последниот натпревар односно сеиорското државно првенство освоив личен рекорд во дисципллината 100 метри пречки, каде воедно го зедов и првото место-нагласи Марија Дувлис, атлетичарка.

– Оваа година учествував на сите натправари во кои главна дисциплина беше 400 метри во која сум државен првак под 18, 20 години и сениорски првак исто така учествував и на 400 метри со пречки со личен резултат. Со освоените резултати изборив учество на балканското првенство кое ќе се одржи овој викенд-дополни Дијана Вукановиќ, атлетичарка.

Атлетски клуб Куманово веќе неколку години ја држи првата позиција во државата. Членовите, но и клуб се подготвени за уште поголеми успеси и лични рекорди.

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)