Асоцијацијата Алзас-Македонија (АЛМА) со седиште во Стразбур денеска донираше медицинска болничка опрема со која се унапредуваат здравствените и социјалните услуги во Општата болница во Куманово.
Донацијата беше примопредадена во присуство на претседателот на Асоцијацијата и почесен конзул на Франција во Македонија Жак Шлеф, директорот на ЈЗУ Општа болница Куманово Сашо Стошевски и директорот на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ Александар Крстевски.
Директорот Стошевски најави и дополнителна медицинска опрема во наредните три месеци која ќе биде обезбедена од Владата.