По завршувањето на грејната сезона, препорачливо е да се чистат оџаците, a во текот на сезоната двапати.
Единствениот регистриран оџачар во Куманово Амзир Рушити – Дино вели дека работа има, но нема интерес кај младите за оваа дејност. Занаетот го научил од својот татко, но подоцна посетувајќи обуки се здобил со дипломи за професионален оџачар.