„Последна карта“ е најновиот долгометражен документарен филм на Анита Стојчевски, кустос советник етнолог кој премиерно ќе биде прикажан во петок во Лапидариумот на НУ Музеј Куманово, во рамките на одбележувањето на „Европски денови на културно наследство 2025“.
Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам и Општина Куманово.
Во филмот „Последна карта“ темелно е обработена проблематиката на стапување во брачна заедница на старите ергени од Козјачкиот регион со невести од Албанија.
Дали од ваквите бракови произлегуваат успешни приказни ќе дознаеме од авторот на документарецот, м-р Анита Стојчевски.