Педесет случаи на западнонилска треска на ниво на државата регистрираат здравствените власти заклучно со 25 август годинава. Прв случај на вирусната инфекција е евидентиран и во Куманово кај 65-годишен маж, кој што е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје.
– На подрачјето на Куманово, поконкретно во градот Куманово, е потврден случај на инфекција на западнонилска треска. Станува збор за пациент од машки пол на возраст од 65 години, кој во моментот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Според најновите информации со кои располагаме, моменталната здравствена состојба на пациентот е стабилна и тој се наоѓа во континуиран медицински надзор и соодветен третман, изјави Сакипи