Во основното училиште „Кочо Рацин“ се одржа завршниот час од спортските активности наменети за деца со пречки во развојот, во рамки на програмата „Млади атлети“. Пилот проектот стартуваше во ова училиште, а надлежните од општината и Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ најавуваат продолжување на проектот и во другите училишта. Активностите се изведуваат со помош на обучени наставници по физичко образование.