Од денеска до 10-ти февруари годинава граѓаните на Куманово можат да поднесуваат барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2023 година, соопштија денеска од општина Куманово.
Право на субвенционирање на трошоци за комунални услуги ќе можат да остварат лица кои што имаат статус на:
–самохрани родители кои живеат на територија на општина Куманово што подразбира родители кои сами ги извршуваат родителските права и должности за детето, поради тоа што другиот родител е непознат, починат, исчезнат или од оправдани причини привремено или трајно не ги извршува родителските права и должности (до 18– годишна возраст на детето или до 26 –годишна возраст доколку се образува) ;
-стечајни работници кои живеат на територија на општина Куманово, а кои не стекнале право на материјално обезбедување согласно Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата;
-згрижувачки семејства кои живеат на територија на општина Куманово што подразбира згрижувачко семејство и 24- часовна грижа за деца и возрасни лица, кои немаат свое семејство или немаат услови за живот во сопствено семејство;
-деца без родители и родителска грижа кои живеат на територија на општина Куманово- односно лице кое до 18- годишна возраст имало статус на дете без родители и без родителска грижа, односно по престанување на старателството, а најмногу до 26- годишна возраст доколку се образуваат;
– надоместок заради попреченост – лица кои живеат на територија на општина Куманово со навршени 26 години возраст, најдоцна до 65 години возраст, односно тешка или длабока интелектуална попреченост, најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице
– приматели на право на социјална сигурност за стари лица, односно лица со навршени 65 години возраст.
– приматели на право на посебен додаток согласно Законот за детска заштита, во којашто категорија на лица спаѓаат деца со специфични потреби кои имаат пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години живот, односно: тешки, потешки и најтешки пречки во телесен развој; умерена, тешка или длабока ментална попреченост; најтешки облици на хронични заболувања; најтежок степен на оштетување на видот, слухот или говорот; Даунов синдром; повеќе видови на
Барањата можат да се подигнат во архивата на општина Куманово и на портирница во зградата на поранешен АД „Козјак“ спроти градскиот стадион (Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита) или на линковите кои што се објавени на официјалниот верб сајт на општина Куманово.
Барањата со потребната документација се доставуваат до архива на општина Куманово од 10.01.2023 до 10.02.2023 година.
Барањата кои се однесуваат на малолетни лица ги пополнува родител/старател како подносител на барање.
Дополнителни информации граѓаните можат да добијат на моб.број /323-569 ОД 08:00 до 16:00 часот, соопштуваат од општина Куманово.