Невладиното здружение „Англунипе“ и годинава ги израдува дечињата со новогодишни пакетчиња. Традиционално, веќе 18 години здружението во пресрет на новогодишните празници донира пакетчиња на деца од ранливи категории семејства и на оние кои што го изучуваат ромскиот јазик и култура. Последните три години пакетчињата ги обезбедува потесното, но и поширокото семејство на претседателот на невладиното здружение, Мерџан Демирали од Куманово, Шведска и Германија, а акцијата секогаш е поддржана и од компанијата Кватро од Куманово.