Во НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“, од 23 септември до 05 октомври годинава ќе се одржи 29-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија 2026“.
За првпат фестивалот ќе го отвори Театар Куманово со премиерата „Смрт на погребот“ во режија на Ненад Витанов, а публиката годинава ќе има можност да проследи 11 претстави.
Годинашен лауреат на фестивалот е актерот Игор Џамбазов.