Основното училиште „Магдалена Антова“ по повод претстојните празници денеска организираше новогодишен базар во дворот на училиштето. Основците, нивните родители, случјаните минувачи имаа можност по симболична цена да си купат најразлични новогодишни украси изработени и декорирани од креативните и талентирани дечиња од „Магдалена Антова “ под менторство на своите наставници. Собраните средства ќе бидат употребени за потребите на учениците и училиштето.
Повеќе детали за новогодишниот базар од изјавата на директорот на училиштето, Живко Стојковски.
