Сите заинтересирани компании од прехранбениот сектор, водоводните претпријатија и училиштата денеска и утре треба да поднесат документи за потпишување на договори за снабдување со струја од ЕСМ според последната мерка на владата за субвенционирана струја. Со одлука на Владата поевтина електрична енергија треба да добијат 200 компании од прехранбениот сектор, училиштата и јавните водоводни претпријатија и пречистителни станици. Тие ќе се снабдуваат со струја преку ЕСМ со цена од 80 и 95 евра евра по мегават час.