По вонредната седница на Советот на Општината состанок одржа и Општинскиот штаб за заштита и спасување, на кој беа донесени препораки, заклучоци и мерки за справување со зачестените пожари, како и активности, кои би требало да бидат преземени.
– Континуирано да се продолжи со интензивно гасење на активните пожари на депонијата Краста и дополнително активирање на силите на ТППЕ и екипите на ЈП „Чистота и зеленило“.
-Да се апелира до ресорно Министерство за заштита на животната средина и просторно планирање, за да се забрза постапката за избор на понудувач, кој треба да ги изведе градежните работи за изградба на претоварна станица за комунален отпад на депонијата Краста, како и нејзино санирање и конечно затворање.
-Се бара од Дирекција за заштита и спасување (ДЗС) да обезбеди дополнителни возила со цистерни за вода за справување со пожарот и градежна механизација (булдожер), за нанесување на нови слоеви на земја поради санација на депонијата.
Видеото по вестите.