Со четири милиони и осумстотини илјади денари Министерството за култура годинава ќе ги поддржи програмските активности на Центарот за култура и Театар Куманово. Вчера пристигнало решението за годишната програма од ресорното министерство за одобрените проекти кои биле аплицирани во текот на месец јуни минатата година, информира директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски.
„Ние сме задоволни со таа сума, скоро сите проекти кои што ги побаравме од министерството за култура беа одобрени“, изјави директорот Тодоровски.