Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев “ – Куманово денеска беше отворена 32-та Меѓународна Лесновска ликовна колонија. Изложбата содржи триесетина дела работени во повеќе ликовни техники.
Меѓународната Лесновска ликовна колонија започнува да се организира далечната 1992 година. Организатор на колонијата е Дом на културата „Злетовски рудар” – Пробиштип ,со финансиска подршка од Општина Пробиштип, a оваа година е избрана на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата 2024 година.
Изложбата ќе биде поставена до петти март годинава.