Во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вчеравечер беше отворена ретроспективната изложба на слики „55 години ликовно творештво” на Боро Арсовски – Бабата. Посетителите имаа можност да видат само дел од богатото ликовно творештво на авторот, кој со сликарство се занимава од 1969 година како сликар наивец и воедно изработува скулптури во камен и керамика – теракота. Првпат своите дела ги изложил во 1971 година со Друштвото на ликовни уметници. Сликите на самостојниот сликар – наивец Боро Арсовски – Бабата се наоѓаат во многу галерии, музеи и приватни колекции ширум светот.
За 55-годишното ликовно творештво на нашиот сограѓанин на отворањето на изложбата говореа директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“ Сашо Тодоровски и историчарот на уметност Роберт Цветковски.
Боро Арсовски – Бабата има учествувано на преку 200 групни изложби, на триесетина меѓународни ликовни колонии и 4 самостојни. Неговите дела се лицитирани на неколку аукции во Белград и Скопје, за кои имало најголем интерес, најдолго се лицитирани и најскапо продадени. Неговите слики се наоѓаат во многу галерии, музеи и приватни колекции ширум светот,
За творештвото на Арсовски се снимени 2 документарни филма. Едниот во продукција на Македонска Радио Телевизија, а вториот филм е снимен за меѓународниот филмски фестивал „Златни сунцокрет” во Р. Србија кој е награден со златна плакета.
Проектот е од национално значење во културата и е дел од годишната програма на Национални установи за 2025 година поддржани од Министерство за култура и туризам.
Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 15 октомври годинава.