Со одлука на Советот, од општинскиот буџет ќе бидат одвоени два милиони денари парична помош за семејствата на загинатите и на повредените во пожарот во дискотеката во Кочан, кој се случи вчера изутрина.
По едноминутно молчење, во знак на почит кон настраданите, едногласно беше усвоена предлог – одлуката за доделување на парична помош од буџетот на општината.