И ова лето Куманово е центар на културните случувања, со богата програма исполнета со концерти, фестивали, книжевни промоции, ликовна уметност и манифестации.
Следните денови кумановци ќе имаат можност да ги проследат традиционалните манифестации, почнувајќи утревечер од фестивалот „Епикум“, преку 22-то издание на Меѓународниот тамбурашки фестивал, „Рома труба фест“, „Тумбсток“ и на крајот, „Тумба фест“ на 24 август.
Организатор на настаните е Фондацијата за култура и спорт во соработка со неколку невладини организации, поддржани од градоначалникот и Советот на Општина Куманово.
Дел од проектите имаат финансиска поддршка и од Министерството за култура и туризам.
Сите настани ќе се одржуваат на градскиот плоштад со почеток од 20 часот.