Во организација на поетскиот клуб „Обденица“ при организацијата на жени „Нада Михајлова“ вчеравечер се одржа манифестацијата „Илинденски секавици 2025“, под мотото „Нека го осветлат небото над Куманово“.
Поетеси и поети од Куманово и останати градови имаа можност пред присутните во фоајето на Центарот за култура да се претстават со своите песни, во чест на празникот Илинден.