Во Куманово успешно е прифатена дигиталната технологија од младите, но и од повозрасната популација.
Професорот Марјан Спасиќ, сопственик на Едукативниот центар „Е-нет“ смета дека како држава не сме далеку од европските стандарди и можеби, не заостануваме толку во примената на дигиталната технологија, колку што заостануваме во следењето на обуки и дополнителни вештини за побрзо совладување на техниките со цел да ги примениме во нашето секојдневие, а посебно кај повозрасните.
-Голем хендикеп можеби во нашето општество кое што сакаме да го градиме во таа насока на примена на дигиталните вештини во нашето секојдневие – сите сакаме, посебно младите сакаат со еден клик да дојдат до своите очекувани резултати, тоа го посакува и повозрасната популација, меѓутоа нашето општество можеби, се уште не е подготвено за такво нешто, гледаме дека целата таа постапка се побавно оди во нашата држава, на хартија имаме се, имаме закони, примената изостанува во нашето секојдневие. Што се однесува за побарувачката односно заинтересираноста на повозрасната популација за начинот како да се справат со дигиталните вештини, има заинтересираност. Голем дел од оваа популација најчесто онлајн, заради можеби финансиски импликации сакаат самостојно да се надоградуваат и се надоградваат меѓутоа голем дел од нашата возрасна популација нема се уште можност да го направи тоа самостојно дали поради финансиски пак ќе кажам, импликации или други проблеми. Помладата популација за разлика од нив успешно ги решава овие проблеми онлајн, значи се најавуваат, пристапот на интернет до сите информации им е многу полесен, меѓутоа мораме да водиме сметка од друга страна, какви информации земаат од интернет. Младите, сметам дека се уште не се доволно едуцирани или не обрнуваат внимание на тоа дали информацијата е вистинска, дали е правилна за нив, туку ја прифаќаат веднаш онаква каква што ќе ја видат во моментот, изјави Марјан Спасиќ, сопственик на Едукативен центар „Е-нет“.
„За разлика од младите, возрасните се малку попретпазливи кон отворање на информациите, меѓутоа од друга страна, честопати се мета на злоупотреба на нивните податоци. Само со еден погрешен клик можат не свесно да посетат лажни страници и нивните лични податоци да бидат злоупотребени“, посочува професорот Спасиќ .
Како една од мерките што се препорачува за успешна заштита е што побрзо младите да ги применуваат безбедносните политики од областа на сајбер безбедност.
-Во оваа дигитална ера се повеќе се наметнува прашањето и за безбедноста во дигиталниот свет каде што мислам дека Македонија веќе заостанува во тој поглед, доста компании наши веќе се на удар на вакви злоупотреби на податоци и информации и реакцијата е задоцнета. Откако ќе настане штета, ја лекуваме, наместо да превенираме и навремено тоа да го санкционираме. таа сајбер безбедност доаѓа до клучен израз, во вклучување во секојдневието паралелно со напредокот на дигиталната техника. Младите исто така, не се чувствуваат многу загрижени за злоупотреба на нивните податоци. Доста често сме сведоци дека не се штитат едни од други, си разменуваат податоци помеѓу себе, пасворди, даваат телефони на користење еден на друг што, од друга страна се случува да дојде до злоупотреба на нивните информации некогаш, дали од ненамерност или од намерност секогаш доаѓа до некои несакани последици. Што се однесува до возрасната популација, дури гледаме дека и на државно ниво има злоупотреба на податоци, свесни сме, ги гледаме таквите појави и во нашата држава и што побрзо се освестиме дека треба и да се штитиме паралелно со примена на оваа технологија, толку подбро ќе биде и за самите нас. Како една од мерките можеби што би ја препорачале за успешна заштита е што побрзо младите да ги применуваат безбедносните политики од областа на сајбер безбедност, дали тоа ќе го одберат на начин што тие самите ќе посетуваат некои курсеви онлајн бесплатни или ќе посетуваат платени курсеви или во формалното образование, исто така можеби е нужно неопходно час поскоро да се вметнуваат вакви теми на изучување, што побрзо се осветиме за ваквата потреба од примена на безбедносни мерки во дигиталната техника и тоа да им го пренесеме на младите и на возрасните, исто така е клучен аспект за понатамошната примена на дигиталните техники во нашето секојдневие. Ако ја немаме таа безбедност, џабе ги применуваме дигиталните техники, ако тие наши лични податоци утре можат да бидат злоупотребени. Гледаме дека често тоа кај младите придонесува до појава на булинг, булингот децата веќе не го прават физички можеби, меѓутоа со примена на вештачката интелигенција во дигиталниот свет, честопати децата се таргет на своите соученици, истото се случува и со возрасните, појаснува Спасиќ.