Педесетина вработени во јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ денеска ги чистеа градските гробишта во рамките на претходно најавената акција во пресрет на верскиот празник Голема Богородица. Иако надлежните деновиве апелираа за поголемо учество на граѓаните кои што се сопственици на гробни парцели, сепак првиот ден од акцијата за уредување на гробиштата заврши без поддршка од кумановци.
Акцијата продолжува и викендов, а надлежните повторно ги повикаа граѓаните кои што се сопственици на парцели со семејни гробни места да дадат придонес и одговорно да се однесуваат кон приватниот имот.
Покрај вработените во ЈП „Чистота и зеленило“, во акцијата можат да се вклучат и останатите јавни претпријатија, општествено одговорни компании и советниците во Советот на Општина Куманово.